Акатист кон Пресвета Богородица во Третата Недела од Великиот Пост

На 01.04.2016 г, во Петокот од Третата недела од Великиот Пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар отслужи Повечерие со Акатист кон Пресвета Богородица, во храмот Пресвета Богородица во Битола.

Кондак 7
Кога Симеон требаше од овој прелестен свет да се престави Ти врачен му беше како младенец, а тој Тебе и како совршен Бог Те позна; затоа восхитен од неискажаната премудрост Твоја, воскликна:   Алилуја!
Икос 7
Нова твар ни покажа кога ни се јави Создателот нам, на од Него створените. Од бессемена утроба излезе и Неа нетлена каква што беше Ја зачува, та чудо гледајќи, да ѝ воспееме повикувајќи:
Радувај се,цвету на нетлението.
Радувај се,венецу на воздржанието.
Радувај се,образот на воскресението го заблеска.
Радувај се, ангелскиот живот го објави.
Радувај се, дрво благоплодно од коешто верните се хранат.
Радувај се, дрво сеновито, под коешто мнозина се засолнуваат.
Радувај се, Ти Која во утробата Го носеше Избавителот на пленетите.
Радувај се, Ти Која Го роди Исправителот на заблудените.
Радувај се, на Судијата праведен умоление.
Радувај се, на многуте согрешенија простување.
Радувај се, на бедните ризо на дерзновение.
Радувај се, љубов што го победува секое желание.
Радувај се, Невесто Неневестна!
P1270343 P1270354 P1270373