37 Недела по Педесетница – Недела за Захеј Митарот

На 14.02.2016 г., кога се празнува споменот на светиот маченик Трифун, на 37-та Недела по Педесетница, прва од предварителните недели пред Великиот пост, посветена на Захеј Митарот (Лк. 19, 1-10), Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар богослужеше во соборниот храм Св. Димитриј во Битола. 

Радосно да го примиме верни, боговдахновениот завет на постот, како претходно Ниневитјаните: и пак, блудници и митари: зашто покајанието е проповедта на Јона; со воздржание да се подготвиме за преселување во Сион, Владичното свештенодејство, со солзи да се предочистиме во него, како во божествена бања. Да се помолиме да го видиме тука остварувањето на образите на Пасхата, и јавувањето на вистината. Да се подготвиме за поклонување пред Крстот и Воскресението на Христос Бог, пеејќи Му: Не посрамувај не во нашата надеж, Човекољупче.

Стихира од Вечерната на Сирниот вторник

P1260073 P1260075 P1260076 P1260079 P1260084 P1260090 P1260104