Зошто Бог го создаде светот и човекот? – старец Јосиф Ватопедски

Божјата љубов, која е една од Божјите својства, е исто причината за создавањето. Бидејќи за Неговата потполна љубов, Бог посакал да создаде битија, на кои Он ќе им предаде дел од Неговата благост и добрина. Затоа е напишано дека битијата што Он ги  создаде беа „многу добри“. (Бит. 1, 10).
Како заклучок на учењето на Светите отци на Црквата,за причината на создавањето свети Јован Дамаскин пишува: „Бидејќи, Добриот и Најблагиот Бог за Себеси не го сметал доволно созерцавањето на Себеси, но заради Неговата бескрајна Благост, сметаше дека е среќа да создавање битија кои ќе се ползуваат и ќе учествуваат во Неговата благост, која го довела во постоење сето видливо и невидливо – надвор од непостоење, вклучувајќи го и  човекот, кој е создаден од видлив и невидливсостав. Он мисли и Он прави, и Неговите мисли стануваат дела, кои се завршени од Словото и исполнети од Духот.“
Злоупотребата кои некои разумни битија, Хеосфорос[1] и Адам, од нивната слобода ја направија, донесоа во постоење неприродна состојба на распаѓање и смрт. Ние сега го очекуваме обновувањето, преку што архитектот Словото на Бог ќе го обнови здравјето и рамнотежата на распадливите делови на битието и најпосле ќе ја уништи распадливоста, нетрајноста и смртта.

Извадоци од книгата: Беседа на гората Атос од старец Јосиф Ватопедски

[1]πῶςἐξέπεσεν ἐκτοῦοὐρανοῦ ὁ ἑωσφόρος ὁ πρωὶἀνατέλλων συνετρίβη εἰςτὴνγῆν ὁ ἀποστέλλων πρὸς πάντα τὰἔθνη (како падна ти од небото, Денице, сине на зората! Се разби од земјата ти, кој ги угнетуваше народите) Исаија 14,12; блажени Ероним кога го прави преводот на Стариот завет (Вулгата) го преведува делот со Луцифер

 

Превод: Г. Д.