За воспитаните луѓе – А. П. Чехов

Воспитаните луѓе, според мене, треба да ги исполнуваат следните услови:

  1. Тие ја почитуваат човечката личност, и затоа секогаш се снисходливи, меки, љубезни, пристапни… Тие не креваат врева за некоја гребнатинка или изгубен стегач; живеејќи со некој, тие не прават од тоа задолжување, а заминувајќи, не велат: со вас не може да се живее! Тие проштеваат и врева и студенило, и изгорено месо, и излутен ручек, и присуството на туѓинци во нивниот дом…
  2. Тие сострадуваат не само кон бедните и мачките. Тие боледуваат со душата и од она, кое не можеш да го видиш само со очите…
  3. Тие ја почитуваат туѓата сопственост, па затоа и го плаќаат долгот.
  4. Тие се чистосрдечни и се плашат од лагата како од оган. Не лажат ни за ситници. Лагата, е навредлива за слушателот и го валка во неговите очи оној што зборува. Тие не се преправаат, на улица се однесуваат како дома, не фрлаат прашина во очите на помалите браќа… Тие не се дрдорливи и не навлегуваат со напади на искреност, кога не ги прашуваат… Од почит кон туѓите уши, почесто молчат.
  5. Тие не се понижуваат себеси, за да предизвикаат кај другите сочувство и помош. Тие не свират на струните на туѓите души, за како одговор да им воздивнуваат и да ги разгалуваат. Тие не велат: мене не ме разбираат!..
  6. Тие не се суетни. Не ги интересираат такви фалшливи брилијанти, како запознавањето со познатите, восхитот од виденото по Салоните, рекламирање со брендовите…
  7. Ако имаат во себе талант, го почитуваат. И ги жртвуваат за него одморот, жените, виното, суетата…
  8. Тие ја воспитуваат во себе естетиката. Не можат да заспијат во облека, гледајќи на ѕидот траги и пајажини, да дишат нечист воздух, да чекорат по исплукан под, да се хранат од валкани садови.