За смирението – свети Исак Сирин

Ме прашаа еднаш како може човек да стекне смирение. А јас одговорив: „Со непрестајно сеќавање на своите гревови, со надеж што се приближува до смртта, со сиромашна облека, со тоа што во секое време ќе го зема последното место и што во секоја прилика радо ќе ги прифаќа најлошите и најпонижувачки работи, ќе биде послушен и ќе го чува непрестајното молчание, нема да копнее да оди на собранија, ќе сака да остане непознат и ќе се смета себеси за ништожен, со тоа што нема да учествува во ниедна своја одлука, ќе ги намрази разговорите со мноштвото луѓе, и што ќе биде некористољубив; па и со тоа што секоја своја мисла ќе ја воздигне над какво и да е кудење и обвинување на кој било човек, како и над секое натпреварување (…), со тоа што сам и во осаменост ќе се бави само со својата работа и нема да се грижи за ништо друго на светов, освен за самиот себеси.

Накусо: оддалеченост од светот, сиромаштија и живот во осаменост – ете од што се раѓа смирението и што го очистува срцето.

 

Подготвил: Б. Ч.