ЗА ПРВПАТ, Патријархот руски Кирил одржа говор во Собранието на Руската Федерација

Почитуван Сергеј Евгеневич! Почитувани членови на Советот на Федерацијата, депутати на Државната дума, преосвештени владици, сето високо собрание!

[youtube]https://www.youtube.com/watch?v=nyYJ_ojc6rs#t=230[/youtube]

Денеска за првпат од почетокот на времето на дејноста на Државната дума во 1906 г, од првото свикување и востановување на Патријаршиството во Руската Православна Црква, во 1917 година, Патријархот Московски и на цела Русија настапува во пленарната сала на Државната дума. Би сакал со признателност да ја одбележам вистинската спремност за конструктивен дијалог и взаемодејствие, која Руската Црква ја среќава во Советот на Федерацијата и Државната дума.

Посебна благодарност изразувам до Сергеј Евгеневич Наришкин, претседател на Државната Дума, Валентина Ивановна Матвиенко, претседател на Советот на Федерацијата, за важните иницијативи, поддршката, плодотворната заедничка работа, за тоа внимание, кое што Федералното Собрание го посветува на животот и служењето на Руската Православна Црква и на другите религии и конфесии во Русија.

Црквата претставува изразување на очекувањата на милиони наши сограѓани. Се надевам, дека разбирањето на тој факт ќе се изразува во решенијата донесувани во текот на работата на парламентот.
Вчера на отворањето на Рождественските четива јас веќе зборував за најактуелните задачи и взаимодејствија на Црквата, власта и општеството. Но, во својот говор тука, меѓу ѕидовите на Собранието, би сакал уште еднаш да допрам неколку важни прашања, кои ме загрижуваат мене како Предстојателн на Црквата.
Светот во кој што живееме, често се нарекува постхристијански, а некогаш и пострелигиозен. Зад тој термин се крие страшната дијагноза на духовно-моралната состојба во која се наоѓе општеството на многу земји. Она што се случува таму е поврзано со обидот, фундаменталните неизменливи морални норми, заложени во човечката природа од Бога, а потоа и апсолутните и универзални норми, се подложуваат на повторно разгледување, што претставува закана и огромна опасност за човечкото општество. Затоа што, како резултат на тоа, се бришат границите меѓу доброто и злото, а поимот справедливост според вкоренетоста во моралната природа на човекот, која е универзална, се интерпретира во соодветност со владеачките философски и дури политички теченија.
Ако размислиме што е справедливоста, дозволете ми отворено да кажам во ова собрание – ние излегуваме на идејата за Бог. Затоа што справедливоста е универзална. И до неодамна немаши никакви сомнежи во тоа, како тој поим треба да се интерпретира. А ако во основата на поимот има универзална вистина, тогаш таа ги надвишува можностите на човечкиот ум, човечката иницијатива и дури колективниот разум на народите и колективите.
Сепак, денеска справедливо, а значи и морално, почна да се смета само она, што се наоѓа во взаимодејствие со новите владеачки философски и политички теченија. И спротивно, секој друг поглед, политички се демонизира од идеолошки ангажираните медиуми, и се подложува на крајно порекнување, па дури до негирање на правото на негово постоење.
Ако во поимот моралност и справедливост се внесе релативноста, тие поими се разрушуваат. Добро е она, што е добро за великата Германија – била позната фраза. И моралноста исчезнала.
Кога моралноста ја условуваме со колективни, корпоративни, класовни, идеолошки и други фактори, ние се откажуваме од моралното начало (основа). И кога ни велат дека морално е само она, до што се придржуваат светските медиуми, а сето останато е неморално, пред нас го имаме истиот проблем, што човештвото го имаше на патот за разрушување на моралните принципи.
Идејата за апсолутна вредност на приоритетот на слободата, слободата на изборот, потцртувам, и откажувањето од приоритетот на моралните норми, за западната цивилизација стана еден вид бомба со забавено дејство, чиј поразителен ефект во полна мера станува очигледен дури за нас, луѓето од XXI век, затоа што нашите предци, наоѓајќи се под замаеност од темата на слободата, со леснотија поддржувале секакви приказни, меѓу другото и законодавни, не размислувајќи за тоа, дека апсолутизацијата на слободата за избор, надвор од моралните норми е смртно опасна за човекот и општеството. Затоа што може да се избере и зло.
Гледаме, во каква драма често се претвора лажно сфатената слобода. Сето тоа, произлегува од тоа, што од свеста и животот на луѓето се исклучува повисоката справедливост и повисоката правда. Последиците од таквата апостасија се плачевни за човечкото општество. Тоа станува неспособно за живот.
Луѓето се обидувале да го решат тој проблем, ставајќи акцент на идејата за главенство на правото. Во тој случај, слободата на личноста се ограничува само со законите, кои се повикани да го корегираат поведението на човекот, да дадат одговори на тоа што е дозволено, а што не. Но, често различни светогледи на темата слобода влегуваат во сферата на правото, внесувајќи огромна внатрешна напрегнатост во законодавниот систем, и погубно влијаејќи на личната и општествена моралност.
Примерите се познати. Тоа е и легализацијата на таканаречените, еднополови бракови, и озаконувањето на евтаназијата, и воведувањето во општествениот живот одделни опасни елементи на јувеналната јустиција. Сите тие правно потковани новели, кои некогаш противречат не само на моралните вредности, но и на општочовечкиот здрав разум и инстинкт за самоодржвање, добиваат сè поголемо распространение и признание од страна на некои држави. За жал, споменатите бихејвиорални и законодавни идеи денеска се пропагираат и дури и се наметнуваат на Русија. И во голема мера од активната позиција на руските парламентарци ќе зависи способноста на нашата земја да издржи пред лицето на современите псевдоцености, погубни за личноста и човечката цивилизација воопшто.
Не ставајќи го под сомнеж значењето на слободата, ние зборуваме и за другите вредносни приоритети. На XVIII Светски руски народен собор, во кого примија учество претставници на Црквата, лидери на најкрупните општествени сили, и претставници на сите парламентарни партии во земјата, беше јасно кажано за какви фундаментални вредности станува збор. И формулирајќи го збирот на тие вредности, ние излегувавме од анализата на сопствената историја. Затоа што, да се занимаваме со дефиниции од овој вид, одделно од реалниот историски контекст е секогаш опасно. И ние ги зедовме етапите на историскиот развиток на Русија: древна Русија, Русија поврзана со Византија, Руската Империја, револуцијата, Советскиот Сојуз, и новата Русија. И си поставивме просто прашање: а може ли во секоја од овие историски етапи да се извои принципиелно најважното, што ја одликувало таа епоха, што ја зачувало својата трајна вредност за современиот живот?
И кажавме – да. Древна Русија, света Русија. Доминантна била светоста и височината на човечкиот дух. И ја означивме таа вредност со зборот „вера“. Руската Империја, која ја претворила малата земја во колосална светска империја од океан до океан. И најдовме збор, со кој се покрива таа реалност – државност. Потоа револуцијата. Никој немаше желба и стремеж да ја претстави популарната на таа страшна појава.
Се појавува прашањето: а имаше нешто добро? Или само крв? Само влијание на странски центри? Само наметнување на Русија поинаков, несвојствен за нејзе, во тоа време, начин на живот? А позитивно имаше нешто? Или само глупаво, простете, тупо следење на наредбите од странство преку соодветните политички сили во земјата? Одговоривме – имаше. Стремежот на луѓето кон справедливост. Ако не постоеше тој стремеж, никаква пропаганда не би успеала.
А во советско време? Само што започуваме да зборуваме за советското време, едни го идеализираат, други го демонизираат. Имаше ли нешто такво, кое се родило од тоа време и кое ние можеме да го примениме, да го вклучиме во сопствената животна философија? Имаше. Солидарноста. И никогаш не смееме да го заборавиме подвигот на нашиот народ. И не само воениот подвиг. А тие комсомолци, кои се селеле, ја граделе БАМ (Бајкало-Амурската Магистрала, не добивајќи за тоа никакви награди и привилегии? Тоа е чувство на единство, желба со заеднички сили да се направи нешто добро за својата земја. И така, солидарноста. И на крај, современа Русија. Господи, што не се зборува за новата Русија. Почнавме да ставаме акцент на човековите права, на човечкото достоинство, на слободите. Зарем може да се игнорира тоа и да се каже, дека сè е лошо? И ние, ја означивме оваа епоха со зборот „достоинство“. Така, добивме: вера, државност, справедливост, солидарност и достоинство.
Малку порано, на XV Собор формулиравме уште поширок список на вредности, кои лежат во основата на националниот идентитет. Освен наброените, тука се и – мирот, единството, моралноста, чесноста, патриотизмот, милосрднието, семејството, културата, националните традиции, доброто на човекот, трудољубието, самоограничувањето, пожртвуваноста. Во тој список постои и слободата. Не како единствена или главна, која ги задушува сите останати вредности, туку како една од многуте важни основни вредности.
Убеден сум, дека не треба идејата за слобода да се спротивставува на другите фундаментални вредности. Тие што сакаат да ги предадат на заборавот или да ги понижат, треба да сфатат дека го ослабуваат општествениот вклад кој се градел со векови, кој го создал нашето општество и го прави стабилно. Тенденцијата на хаос и конфликт – е доста очевидна тенденција. И ние ѝ спротивставуваме на таа тенденција голема религиозно-политичка синтеза, еден социјален идеал, кој уште во XIV век бил провозгласен од преподобниот Сергеј Радонежски: гледајќи кон Света Троица да се победува мрзоволната борба на овој свет.
Во XIX век, руските мислители зборувале за истото, укажувајќи на начелото на соборност во нашиот народен живот. Денес, опишувајќи го тој идеал на јазикот на социјалната философија, го нарекуваме солидарно општество, каде што заради достигнување на заедничко добро, меѓусебно соработуваат разни етнокултурни, социјални, професионални, религиозни и возрасни групи. Во таквото општество соработуваат, а не влегуваат во меѓусебни конфликти, народот и власта. Не се судираат етносите и религиите. Па дури ни политичките партии не се судираат. Тука, во Госдумата, би сакал да ставам посебен акцент на последниот тезис за соработка на партиите. Зашто веднаш можам да предвидам можни несогласувања: а што ќе се прави со конкуренцијата на политичките сили? Со меѓупартиската борба? Со предизборните кампањи? Мислам дека, во општеството, традиционално за Русија, ако сакате, во солидарното општество, политичките партии треба да си конкурираат, не во смисла на противопоставување на различни вредности, на пример на слободата и справедливоста, државноста и достоинството, а во смисла на нивна хармонизација, истовремено остварување, воплотување во конкрени политички дејствија и законодавачки акти – тоа е полето за политички плурализам.
Затоа што луѓето не можат да мислат исто. Тие се разликуваат и по образование, и по култура, и по традиција и навистина по политички наклонетости. Затоа, сферата на политиката – е површна сфера. Основната сфера – е сферата на вредности. Таа основа на вредности не смее ниту една партија во Русија да ја разруши. Затоа што тогаш нема да постои Русија. И со благодарност на Бога сведочам, дека денешниот состав на Државната дума практично го воплотува она, што јас сега го кажав.
Истото би сакал да го кажам и во однос на различни политички сили кон историјата на нашата татковина. Чувајќи го трезвениот однос кон историјата, не заборавајќи ги тешките, а често и срамни нејзини страници, необходно е да се откажеме од спомените од граѓанската војна, од додавањата во политичката борба на таа војна. Идејата на единството и непрекинатиот спомен, заштитата на нашето наследство од фалсификација, од толкувањето со предрасуди на реалноста во минатото, треба да стане вредносна база на соработка на политичките сили.
Оваа 2015 година има посебно симболично значење. Ќе одбележуваме две, за нас важни историски дати – илјадагодишнина од денот на смртта на крстителот на Рус, светиот кнез Владимир и 70 – годишнина од великата победа на нашиот народ. Едниот од тие настани нè преселува кон религиозниот избор во Русија, другиот – кон неговите последици. Кога нашиот народ, воспитан на илјадагодишни идеали на справедливост и братство го избави светот од поробување од нацистите, кои си се замислиле себеси како господска раса, а другите народи – како збир на недочовечни луѓе осудени на вечно робство, тогаш и станувајќи еден фронт, обединувајќи ги практично сите сили на народот, ние достигнавме и победа. На примерот на тие споредби, се гледа дека токму духовно-осмислениот вредносен пристап најдобро од сè, помага да се разбере единството и непрекинатоста на нашата историја. Ние гледаме, дека Русија останувала да биде Русија во сите векови, при сите форми на управување и при сите политички режими. Дај Боже, тоа да биде и секогаш.
Денеска, нашата земја се наоѓа на прагот на нов историски избор, нова етапа на развиток. Во овој момент, ние треба да размислиме над тоа, да не копираме нешто од старите шаблони, туку возвишувајќи се на степен на вистинско социјално творештво, да дојдеме до нова синтеза на светогледите. Целта е да се земе сè подобро, што било во нашето минато, и на тие основи да се изгради иднината. Посебно значење во тој контекст има утврдувањето на идеалот на социјална справедливост, неговото ново осмислување имајќи го во предвид нашиот насобран историски опит. Не секогаш во историјата сме успевале да го зачуваме единството на општеството над социјалните бариери. Со тоа постојат проблеми и денеска, особено во периодот на криза. И тие проблеми можат да ги искористат нашите непријатели.
Затоа, стремежот кон справедливост не треба да го разнижува нашето општество, не треба да нè води кон нови гранки на омраза и борби, туку да служи за достигнување на социјална хармонија, за наполнување со конкретна содржина не само на политичките, туку и социјално-економските права на нашите граѓани.
Во овие ѕидови би сакал да кажам, дека токму од руските парламентарци, во голема мера ќе зависи способноста на нашата земја да се покаже верна на своите вредности, на својот пат, на својот древен и вечен избор. Во врска со тоа, би сакал да се задржам на редица конкретни прашања, кои самиот живот и многу луѓе ги поставуваат пред дражавата и пред Црквата.
Крајно значајна се гледа работата на законодавците, која се допира до социјалните и моралните сфери. Во прв ред, тоа се однесува на законодавната политика во областа на поддршка на семејствата, мајчинството и децата. Сериозно ги загрозуваат семејствата, а со тоа и општеството, обидите да се ограничи правото на таткото и мајката, да се лишат од можноста да ги воспитуваат децата во духот на својот светоглед и традиционалните морални вредности.
Често, правата на децата вештачки се спортивставуваат на правата на семејството и родителите. Истовремено, грижата за заштитата на вистинските интереси на детето бара да се постави на чело грижата за семејството, да се определат, признаат и заштитат правата на родителите за воспитување на детето. Државата може да се вмешува во внатрешниот живот на семејството само во крајни случаи, кога на физичкото и моралнот здравје на детето му се заканува реална докажана опасност.
Оваа година, во концепцијата на државната семејна политика јасно беше признаен принципот на презумпција на добросовесноста на родителите во остварувањето на нивните права. И тоа е многу важно. Мислам дека, тој принцип треба да стане еден од ориентирите при развитокот на нормите на семејното право. Би сакал да забележам, дека благодарение на мерите преземени од државата, успеавме да постигнеме забележителен успех во решавањето на демографското прашање, и прогнозите на скептиците за наглото намалување на бројот на жители во Русија не се остварија.
Но, уви, со една рака градиме, а со друга го рушиме изграденото. Една од главните трагедии на Русија останува огромниот број на абортуси. Секако, заради справедливост, треба да се каже дека во последните години тие малку се намалија, но сепак нивното количество останува страшно високо. Ако би успеале двојно да ја намалиме количината на абортуси, ние би имале сигурен и моќен демографски раст.
Црквата, следејќи ја Божјата заповед: „Не убивај“, секогаш, во умртвувањето на нероденото дете гледала тежок грев. Често, зад таквата постапка стои притисокот од лекарите и роднините, материјалните и станбените тешкотии. Преодолевањето на тоа зло бара комплексни мерки, кои треба да вклучуваат во себе помош на семејствата во решавањето на станбените прашања, материјална поддршка на многудетните семејства, воведување во работата на здравствениот систем етички норми, кои би ги побудувале лекарите да се грижат за зачувување на животот на зачнатото дете, а исто така воздржување од рекламите и пропагандите за абортуси или нивна целосна забрана.
Го сметам за морално оправдано исклучувањето на операциите за вештачки прекин на пременоста од системот на задолжително медицинско осигурување, кое се одржува на сметка на осигурениците, меѓу кои има и такви, кои категорички не прифаќаат абортус. И тука би сакал да стапам во дискусија со противниците. Ни одговараат, дека ако се направи тоа и се исклучат од осигурителниот систем, ќе се зголеми бројот на тајни абортуси.
Простете, но тајните абортуси да не ги прават бесплатно? Дали има барем еден лекар кој работи на црно, и кој бесплатно би вршел абортуси? Тој зема пари, а ќе зема и уште повеќе. Само потребно е, кога жената ќе донесе такво крајно решение, да се обраќа кај професионалните болници, чии цени на услугите нема да бидат повисоки од услугите на „црните“ работници. И проблемот е решен. А освен тој аргумент, опозиционерите немаат никаков друг аргумент против тој закон. Дај Боже да се справиме со таа тема.
Голема загриженост предизвикуваат и некои репродуктивни технологии, кои се мешаат во Божјата замисла за човекот, го разрушуваат човечкото достоинство и вредноста на човечките односи. Така, моралната свест не може да се помири со дозволата на ниво на закон на таканареченото сурогатно мајчинство. Кое ги претвора децата и жените во предмет на комерцијални или некомерцијални договори. Го искажуваме самиот поим на мајката, тајнината на семејните односи, светоста на тие односи.
Кога ни велат: „А што да прави жената, ако не може да има деца?“ Нека земе сирак. Така секогаш постапувале нашите луѓе. И воспитувале деца. Постојат работи, со кои не смееме да се поигруваме. Ова, за што сега зборуваме, е дел од Божјата промисла за светот и човекот. Втурнувајќи се во таа замисла, ние правиме нешто многу опасно.
Своевремено, се сеќавате на историјата со сменувањето на правецот на сибирските реки? Умните луѓе предупредуваа и велеа – не смее да им се менува правецот, не играјте си со природата. Во нашата терминологија: не играјте си со Божјата замисла. Сè е балансирано во природата. Така, потпирајќи се на современите достигнувања во науката, не смееме да си играме со Божјата промисла во однос на човекот.
Ние живееме во епоха на стрмоглави промени. Ако во минатиот век светот се преобразуваше со научно-технолошки достигнувања, денеска неговиот облик се менува благодарение на социјалните технологии. Сепак, не сите промени се примаат подеднакво позитивно од различни членови на општеството. Многу луѓе ги загрижува, на пример, инвазијата во нивните животи на новотарии, поврзани со електронските средства за збирање на личните податоци, кои за цел степен ја повишуваат контролата на личноста. И не само од страна на државата, туку и од страна на било која организирана сила, која владее со тие технологии.
На мое име пристигнуваат илјадници писма од граѓани, кои ја изразуваат нивната несогласност со безалтернативното внедрување на нови идентификациски технологии. Знам, дека и во органите на власта пристигнува не помал број на писма за споменатиот проблем. Убеден сум, дека луѓето треба да имаат право на избор, да добијат документ, кој ја потврдува личноста во вид на пластични електронски картички, или во традиционален вид, со користење на електронски носители на информациите или без такви.
Исползувањето на автоматизирани средства на собирање, обработка и користење на личните податоци, посебно на доверливите информации треба да се извршува само на доброволна основа. Повикувајќи се на тоа, дека тоа им е поудобно на бирократите, не смејат тотално да се внесуваат тие технологии. Секој од нас може да се најде под ропство на тие технологии, под тотална контрола. И ако за некого овие мои зборови не звучат актуелно, верувајте ми, после некое време тие зборови може да станат актуелни за секого од нас. Затоа, оставајќи можност за алтернатива, ние секогаш оставаме можност за излез од таквата тоталитарна контрола.
Со заеднички усилија на Црквата, државната власт и општеството ние се стремиме кон тоа, законодавството во религиозната сфера да ја одразува динамичната реалност и истовремено да не создава тешкотии на религиозните општини. Јас сум сведок, дека мислењето на Црквата во оваа област, како правило се зема во предвид во законодавниот процес. Би сакал да ја забележам цврстата јасна позиција на двете палати на рускиот парламент за таквите актуелни проблеми, како заштита на чувствата на верните и почитуваните од нив светињи, зачувување и возродување на нашето културно наследство, грижата за судбината на христијаните на блискиот исток. Срдечна благодарност до вас за тоа.
Со задоволство ја примам информацијат за трудовите во Думата во 2012 година, на создадената меѓуфракциска група за заштита на христијанските вредности. Ги поддржувам предлозите кои ги слушнавме за нејзино раширување, на сметка на членовите на Советите на Федерацијата и регионалните законодавци.
Посебно би сакал да ја одбележам таквата важна сфера од црковно-државното взаемодејствие, како развивањето на духовно-моралниот компонент во школското образование. И во врска со тоа, би сакал да ги допрам прашањата, кои на мој поглед, бараат најбрзо заедничко решение. Тоа е раширувањето на предавањата на курсот основа на религиозните култури и светската етика преку сите години обука во училиштата.Тој курс е ограничен само на 34 часа… Што е капка во море. А тој курс е предвиден за воспитување не само на моралната свест на детето, но и на националната самосвест, на заштита на сите тие вредности во рамките на личноста, за кои што сега зборуваме. Нема ниеден друг предмет, еден – 34 часа, само во четврто одделение.
А кои се последиците од тоа? Тешкотиите со подготовка на професори. За 34 часа, зошто треба да се поминат посебни курсови, да се повишува својата квалификација? И затоа, важно е тоа да се распространи на сите школски години, и може дури и во средните училишта. Да размислиме, во кои категории би можела да се предава таа дисциплина? Можеби, со поголема философска насоченост? Но, младината исто така треба да ги обновува во себе сите тие важни идеи, кои се создаваат со семејното воспитување, со тој курс, за кој што сега зборувам, за да се спротивстават, колку што е тоа можно, на разурнувачките влијанија во однос на човечката личност однадвор.
Друг проблем – е финансирањето на православните училишта и гимназии. Тука, проблемот е во тоа, што сето тоа се финансира по принципот на вишок. И испаѓа, дека луѓето се дискриминираат по религиозен принцип. Сака таткото или мајката, родителите, да го дадат детето во православна школа – ако нема некаков богат спонзор, тие го осудуваат детето на некакво сиромашно, ограничено образование. Затоа што нема доволно средства, на високо ниво да се остварува работата на тие училишта. Но, и во нив се образуваат руски граѓани. И можеби, треба да се размисли, тие училишта, по крајна мера, во рамките на државните образователни компоненти да бидат финансирани исто како и било кое друго училиште. Затоа што и тие даваат диплому по државен образец.
Големо значење за духовното возродување на Русија има и развојот на богословското образование, таквото образование, кое секогаш се признавало и се признава во Европа, а во послереволуциона Русија се нашло исклучено од државниот општествен живот. Потоа, некако се појавила можност да се пробие во државните универзитети, во светските школи да се изучува богословието во рамките на бакалавријат или магистратура. Но, од некои причини тоа не може да се прави во рамките на докторатурата. Може да се биде магистар, а не може доктор. Само затоа што некој се откажува да го вклучи богословието, теологијата во списокот на научни дисциплини.
Буквално вчера слушнав дека некакви правилни решенија, во тој однос се примаат од Министерството за образование и наука. Дај Боже, тие решенија да бидат реализирани. Од некои причини, во цел свет може да се стане доктор по теологија, само во Русија не може. А всушност, станува збор за широко хуманитарно образование. Човек со таква диплома во современите високи учебни заведенија владее со доволно квалификации од различен вид, меѓу другото и од државна дејност.
Посебна тема – е темата на козаците. И тука би сакал да ја подвлечам неопходноста од државната поткрепа на козачките здруженија. Во основата на начинот на живот на козаците, традиционално лежеле најпрвин православната вера и љубовта кон татковината. Токму затоа, козаците во текот на вековите биле сигурна поткрепа на руската државност. И денеска, како што знаеме, тие играат многу важна улога, меѓу другото и воспитна улога, формирајќи ги патриотските чувства на нашата младина.
Уште една важна тема, за која неминовно би сакал да зборувам денес, е состојбата на христијаните на Блискиот Исток и во Северна Африка. Тие фактички се наоѓаат како фрлени на волјата на судбината, и се подложни на гонења од страна на екстремистите. Сосема беспрецедентни се лишувањата кои ги претрпуваат нашите браќа и сестри во Сирија, во Ирак. Христијаните масовно го напуштаат Блискиот Исток, местото каде што изникна христијанството. И таквата ситуација се заканува да се претвори во совршено губење на христијанското присуство во регионот.
Руската Православна Црква го обраќа вниманието на светските здруженија на таа катастрофа, се труди да им укаже на оние кои страдаат, различна помош. Во оваа сфера, многу значајно е взаемодејствието на Црквата и државата. И една од водечките улоги во тој процес му припаѓа на рускиот парламент.

На 14 ноември, оваа година, Думата донесе важна одлука за грубите и масовни нарушувања на правата на религиозните и национални малцинства во врска со заострените ситуации во Сирија и Ирак. Тој документ стана важно сведоштво за посебната улога на Русија во заштитата на страдалните христијани на Блискиот Исток, кои денеска само во Русија гледаат надеж за спасение, и ни кажуваат за тоа на највисок степен, на степен на патријарсите, раководителите на христијанските општини. Западните земји, кои традиционално го поддржуваат католичкото присуство на Блискиот Исток, се откажаа од таа поддршка. И дури нашите католички браќа денеска се наоѓаат еден на еден пред таа нова опасност на истребување на христијаните на Блискиот Исток.
Затоа, со засилувањето на улогата на Русија во заштитата на правата на малцинствата на Блискиот Исток, несомнено, расте и авторитетот на нашата земја меѓу жителите на тој регион. Во изминатата година, како што веќе реков, јас имав многу средби со раководителите на блискуисточните христијани, и тие многу јасно ја изразија таа надеж за помош од Русија.
Уште еднаш би сакал да им заблагодарам на сите присутни за вниманието, за можноста да споделам со вас некои свои мисли. Уверен сум, дека нашата денешна средба ќе го помогне развојот на дијалогот меѓу Црквата, државната власт, општеството, координациите на заедничките усилија за добро на нашата татковина. Бог да ви помага на сите!

Извор: http://www.pravmir.ru/patriarh-kirill-ne-sleduet-ideyu-svobodyi-protivopostavlyat-drugim-fundamentalnyim-tsennostyam-video/#ixzz3PdIMomSK