Втор Акатист на Пресвета Богородица во Битола

Што можеме да ѝ принесеме на Мајката на Словото, освен слово? Сета твар нека празнува со нас и нека ја фали Ана, најсветиот пород од светите, зашто ја родила светата Ризница на непропадливи богатства.

Зашто со Неа, Богородица, Творецот преку човечката природа сета твар ја измени на подобро. Зашто ако човекот, постоејќи меѓу дух и материја, ја поврзал сета видлива и невидлива твар, Словото Божјо – Творецот, соединувајќи се со природата човечка, преку неа се соединил со сета твар…

На 06.03.2015 година, митрополитот Преспанско-Пелагониски г. Петар, со свештенослужителите од храмот „Раѓање на Пресвета Богородица“ во Битола, отслужија Акатист на Пресвета Богородица, во втората Недела од Постот.

P1140121

P1140117

…Денес од земјена природа, небо на земјата создаде, Оној кој некогаш од вода го создал и високо го поставил сводот небесен. И навистина ова небо е многу почудесно и побожествено од првото: зашто Оној кој на него го создал сонцето, сам од ова Небо се раѓа како Сонце на правдата. – Две природи има Тој, дури и да побеснат безглавите монофизити. Една има ипостас, макар несторијанците се разгневиле. Зашто Светлоста Вечна која од Вечната Светлина предвечно го има Своето битие, Светлоста духовна и бестелесна, од Дева се воплотува, и како Младоженец од чертогот излегува, и бивајќи Бог, човек подоцна станува, та како Џин со радост да го помине патот на нашата природа, и преку страдања до смртта да дојде и го врзи Силниот, одземајќи му го пленот, то ест, нашата природа, и во небесната земја да ја врати овцата заблудена…

(Извадок од Слово на св. Јован Дамаскин за раѓањето на Пресвета Богородица)

YouTube Preview Image