Воскресение Христово

На 12.04.2015 година, во соборниот храм „Св. Димитриј“ во Битола, митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар го објави Светлото Христово Воскресение. Христос Воскресна!

Затоа, влезете сите верни во радоста на својот Господ; и првите и другите плата примете; богати и сиромаси, еден со друг ликувајте; кои се воздржувавте, кои сте биле мрзливи, почитувајте го денот; вие кои постевте и кои не постевте, веселете се денес! Трпезата е преполна, сите насладувајте се богато! Телето е угоено, никој нека не излезе гладен, сите насладете се со гозбата на верата, уживајте во богатството на добрината! Никој нека не ја оплакува сиромаштијата, зашто се јави општо царство. Никој нека не тагува заради гревовите, зашто прошка заблеска од гробот. Никој нека не се бои од смртта, зашто смртта на Спасителот нè ослободи, ја изгасна Оној Кого таа Го држеше, го заплени адот Оној Кој слезе во него, се огорчи адот вкусувајќи го Телото Негово.

(Слово на Пасха – св. Јован Златоуст)

[nggallery id=68]