Трет ден Велигден – Св. Георгиј Победоносец, Ресен

На 14.04.2015 година, митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар отслужи Пасхална божествена Литругија во Ресен.

Воскресението Христово – не е само празник. Тоа – е суштината на христијанството. Ако внимателно ги прочитаме апостолските посланија ќе забележеме дека првите проповеди, што се приведени во „Делата апостолски, нè чека изненадување. Апостолите не знаат никакво „учење на Христос“. Ниту еднаш не велат „како што нè учеше Господ“. Не ја прераскажуваат Нагорната проповед и не ги предаваат од уво во уво расказите за чудата Христови. Најважно од сето тоа за нив е: Тој умре за гревовите наши, но и воскресна. Пасхалните настани – се основа на христијанската проповед. Христијанството – не е „учење“, не е моралистика, а само расказ за факт. Апостолите и проповедаат само факт – настан, на кој и самите биле очевидци. Но, притоа тие зборуваат за Воскресението Христово не само како за настан во Неговиот живот, но и – во животот на тие, кои го примиле пасхалното благовестие, – затоа што „Духот на Оној, Кој го воскреснал од мртвите Исус, живее во вас“ (Рим. 8, 11). Необичноста на тоа што се случило со христос е во тоа, што Неговата смрт и воскресение „дејствуваат во нас“ (2 Кор. 4, 12).
И од тогаш, секој христијанин може да рече: најважниот настан во мојот живот се случи во Ерусалим, „во времето на Понтиј Пилат“…
(Ѓакон Андреј Кураев)