Св. Николај Јапонски – православен самурај

„… Пропадна сосем. Истркалај се, како трупец од палубата, судбино моја! Скрши се, празен саду на мојот горчлив живот, и – колку побрзо, толку подобро!

Вечно сам со своите мисли, со своите незадоволени стремежи, желби, почетоци, мечти. И сè – е како светкави меурчиња – шумни и прази. И не утешуваат, туку грмат и го растргнуваат слухот и срцето! Зошто си ме родина на светот, мајко моја! Зошто не си ме примила сеуште, мајко, црна земјо? Бар да се успокојам. Да заспијам барем еднаш без грижи! И ако е милостив Господ, зарем ќе ме испрати засекогаш во адот? Иако се бесплодни моите глупави грижи, не се злонамерни тие, и покрај разните мои човечки гревови! Гревовите – се гревови, но не со нив и не за нив – живеев јас, туку имав во животот цел – да служам на Верата и Господ, и ако остана бесплодна таа, јас ли сум виновен што немав ни сили, ни среќа? Направи Господи суд, и упокој ме!

< …>. Успокој се, зла судбино моја! Не чекам за мене среќа. Не сум навикнат јас, нечија ласкава рака да ја гали мојата руса глава. И нема да ѝ дадам милување! Ги чекам сите маки и несреќи! И дојдете сите – сите вие, адски чудовишта, дојдете, растргнете: ќе се бориме! Ќе ме скршите? Проклетство, сто пати проклетство на тебе, аду! Излези на борба! Спремен сум и оваа година, како и минатата!“

mJdUpNaVarA

(од Дневникот на св. Николај Јапонски)