Сеноќно бдение во Ресен

На 13.03.2015 година, во храмот „Св. Георгиј Победоносец“ во Ресен, во пресрет на Крстопоклоната Недела, кога го празнуваме споменот на светата преподобномаченица Евдокија, и си спомнуваме за сите кои животот чесно го положиле за верата, се отслужи сеноќно бдение.

Житие на св. Евдокија

Живееше во феникискиот град Илиопол во времето на царот Трајан. Беше прво голема развратница, а потоа покајничка, испосничка и најпосле маченичка. Од развратниот живот имаше собрано големо богатство. По Божја Промисла пресврт во нејзиниот живот беше направил некој стар монах Герман, и тоа не сакајќи. Дојден по работа во градот, отседна кај еден христијанин чија куќа граничеше со куќата на Евдокија. Кога ноќе тој според својот обичај почна да чита од Псалтирот и од една книга за Страшниот Суд, Евдокија го слушна и ја обзеде таков ужас што остана будна до изутрина. А штом се зазори испрати слуги да го измолат тој монах да дојде кај неа. Герман појде и меѓу нив започна долг разговор за она што старецот го читаше минатата ноќ и воопшто за верата и спасението. Како плод на тие разговори Евдокија го замоли месниот епископ да ја крсти. По Крштението сиот свој имот ѝ го предаде на Црквата за да им се раздаде на сиромасите, ги отпушти своите слуги и робови, а самата се повлече во еден женски манастир. И толку одлучно се посвети на монашкиот живот во послушание, трпеливост, бдеење, молитва и пост, што после тринаесет месеци ја избраа за игуманија. Во манастирот проживеа педесет и шест години и се удостои пред Бога да ѝ даде толкава благодат што и мртви воскреснуваше. Кога извесен кнез Викентиј покрена гонење на христијаните, ја убија и Света Евдокија со меч. Таа е прекрасен пример како еден сад на нечистотијата може да се очисти и да се освети, да се исполни со скапоцен небесен мирис, што е благодатта на Светиот Дух.

sf-mc-evdochia-14-1

[youtube]https://www.youtube.com/watch?v=_M8Ou6Ukwrs[/youtube]

20150314_020932

20150314_020936

20150314_020944

20150314_021015

20150314_021040

20150314_021045

20150314_021051

20150314_034116

20150314_034121