„Православен благовесник“ – труд на студентите на Богословскиот Факултет

„Православен благовесник“ е списание кое е плод на студентите при ПБФ „Св. Климент Охридски“ – Скопје. Исполнето со разновидна, современа и богословска содржина, ја истакнува жедта на студентите за повисоки дострели и стекнувања на нови искуства. 

Првиот број е објавен во 1982 година и редовно, по два пати годишно излегува во печат до 1990 година. Во 1998 година е испечатен уште еден број, но идејата за повеќекратно издаваштво не се реализира. Во 2015 година, по иницијатива на Студентскиот парламент на ПБФ, излегува 22-от број на ова списание, како продолжение на претходните изданија, а со цел и во иднина активно да се изработува.

Од уредувачкиот одбор

DSC_3220naslovna