Каков беше животот на човекот во рајот?

Рајот беше боженствено место, соодветно живеалиште за човекот, создаден според лик и подобие Божјо. Човекот таму живееше во блаженство на Божествените атрибути кои беа дел од самата негова суштина. Тој имаше привилегија да е над сите и да ги води сите создадени битија. Беше бестрасен, живееше безгрижно, без никакви проблеми или обврски. Не беше задолжен за ништо. Не беше присилен на ништо. Имаше само една задача, таа на ангелите: постојано и непрекинато да го велича Создателот. Тоа што беше подобие Божјо го исполнуваше толку многу, што во неговиот живот немаше место за никакви сомнежи или прашања. Привилегиран беше да е дел од полнотата на Божествената неизмерна љубов. Според св. Јован Дамаскин: ,,Човекот престојуваше во највозвишеното, неспоредливо и најпрекрасно место, заедно со Бога како негов сожител. Го имаше Бог како сјаен штит, беше опкружен од Неговата милост и се насладуваше со најслаткиот производ, со Неговото созерцание.

Има ли поголема привилегија од чувството да го поседувате и да се потпирате на она што го љубите, а посебно ако тоа што го љубите е Бога?

Старец Јосиф Ватопедски

 

Превод од англиски: Марија Трифуновска Тасеска