Чие царство?

„Да дојде царството Твое…“ (Мт. 6, 10)

Како што се менуваат „царствата“, имаме доста голем избор за тоа, кое царство да го населиме. Можам да изберам и сама да глумам „крал“, обидувајќи се да контролирам сè и сите околу мене. Или пак можам да направам некоја друга личност или предмет да ми биде врховен авторитет, и потоа да зависам од тоа, и тие да ги детерминираат моите дејства, желби, расположение, и т.н. Но знам, во овој момент од мојот живот, дека и двете овие опции водат надолу, по еден многу несреќен пат; пат или на самодоволност и самонадежност, или на робовска зависност.

Благодарна сум за честите потсетници, започнувајќи од Оче наш, за Царството за кое сме повикани (а сепак не осудени) да го прегнеме, во слобода: „Твоето Царство“; Божјото Царство. Го потврдувам овој избор на почетокот на секоја Божествена Литургија. Свештеникот возгласува: „Благословено е Царството на Отецот и Синот и Светиот Дух, сега и секогаш, и во вечни векови“, и јас пеам: „Амин!“

Уште еднаш го потврдив тоа „Амин“ утрово, велејќи „Да дојде Царството Твое“, со неговите сопствени закони, основани врз Крстот. Со неговите сопствени приоритети и „логика“, од Логосот. Тој нека биде мој Крал денес. „Зашто Твое е Царството, и силата и славата, на Отецот и Синот и Светиот Дух, сега и секогаш, и во вечни векови“. Амин!

 

Монахиња Васа Ларин (Сестра Васа)