Архиерејска Литургија во Ресен

На 29.11.2015 година, во Дваесет и шестата Недела по Педесетница, кога го празнуваме споменот на светиот апостол и Евангелист Матеј, и Соборот на семејството на свети Григориј Палама, митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар отслужи Божествена Литургија во храмот „Свети Георгиј“ во Ресен. 

На Литургијата, Митрополитот изврши хиротесија и ги посвети во првиот чин од свештенството псалтите Никола Атанасов, Кристо Пластиновски и Александар Марковски.

„Духовниот живот не се состои само во тоа, да се насладуваме со мирот и утехите, туку е и духовен крст, то ест, одземањето на утехите, благодушно да го носиме“.

Преподобен Макариј Оптински

[nggallery id=80]P1230052