Промоција на ЦД „Химни на Рождество Христово“ од протопсалт Георги Секулоски

На 11.12.2014 година во салата „Архиепископ Доситеј“ при ПБФ, беше одржана промоција на ЦД „Химни на Рождество Христово“ од протопсалт Георги Секулоски. Промотор беше проф. д-р Ристо Солунчев. По промоцијата беше одржана трибина на тема „Односот на византиското црковно пеење и српското народно пеење на Мокрањац и нивните корени во македонската култура“. На трибината зедоа учество протопсалтот Георги Секулоски, проф. д-р Ристо Солунчев и проф. д-р Ацо Гиревски, декан на Богословскиот факултет.