И во Новата Година – со молитва

Христијанската, барем – православната традиција на живот сосема јасно зборува за тоа, како треба да се однесуваме кон секој нов чекор во нашиот живот. Стапуваме на ново работно место, одиме во војна, војска, човек си избира професија или некоја друга насока во животот, решава нешто тешко, или било каков проблем, се запишува во училиште – дури и кога полага испит. Што вели нашето православно учење?

1364970053_aleksej-ilich-osipov-600x360

Како треба да се однесуваме кон секое добро дело? Молитвено да бараме, да просиме Божји благослов. За секое дело. Нашите баби, тоа го знаат сосема точно. Започнуваат да готват нешто во кујна – „Господи благослови!“ Дури и при секое тенџере, при секоја лажица – „Господи, благослови. И кога излегуваат кај кравите „Благослови, Господи“, и кога излегуваат в поле, кога започнуваат да садат, или да ја збираат жетвата – за сè „Господи, благослови!“
Се надевам, дека одговорот е јасен. Така и за новата година. Не треба да велиме дека не признаваме никаква нова година. Тоа е исто, како да речеме – се откажуваме од тоа, да испросуваме благослов за секој наш нов почеток, за секое ново дело. Не, баш многу добро е да ја сретнеме новата година, со молитва.
Еве на пример, една од традициите. Нема да кажам чија, но нејзе ќе ја кажам. Во 11.30 започнуваат да читаат вечерни молитви. Потоа читаат Евангелие. И така, бараат Божји благослов за својот дом. Потоа, дури може и да ја „чекаат“ Новата Година. Да, да, дури ја пречекуваат, пијат шампањско – и во тоа нема ништо страшно. Некакво мезе, грицки, бомбони, можеби дури и риба, слободно, бидејќи започнува новата година. Токму така, благословувајќи се. Нема да се испијанат од едно шише шампањско, од една чаша шампањско. И така, навистина имате чувство дека започнува нешто ново. И во таа смисла, тоа е еден вид празник. Како се празнува? Со молитва, со барање благослов. И бидејќи ние не сме создадени само со душа, туку и со тело, дури и да е малечко, но сепак е потребно пријатно угостување.
Секако, не е убаво кога луѓето се опиваат, започнуваат да извикуваат некакви си неартикулирани песни, и т.н. – тоа е паганизам. Може по христијански да се сретне новата година. Така јас мислам. И во тоа нема ништо лошо. И не само што нема лошо, – но ќе речам дека е – добро. На пример, има и друг начин. Некои, на пример служат литургија ноќта. Таа ноќ, после дванаесет часот дури и се исповедаат, потоа се причестуваат и Новата Година ја започнуваат со причестување со светите тајни. И после тоа, пак можат да ја дочекаат исто така скромно новата година. Тоа е и подобро.
Јас ги кажувам двете варијанти, зашто втората варијанта – многу поретко може да се сретне. Но, барем првата – да се прочитаат молитвите, да се прочита Евангелието и потоа мирно да се седне со семејството да се празнува, можат сите. Тоа е, што се однесува на новата година.
Ќе кажам уште една забелешка. Да ги оставиме споровите, кои се неразумни од моја гледна точка: нова година по стар, или по нов стил… Сакам да ве успокојам.
Ако зборуваме за црковна Нова Година, нека ги погледнат црковните книги и ќе видат дека црковната Нова Година започнува на 1 септември по стар стил, или на 14 септември по нов. Ако сакате да ја празнувата и црковната нова година – слободно, на 14 септември по нов стил, празнувајте со Бога.
А сега што празнуваме? Што значи граѓанска? Тоа е годината во која влегуваме сите, во која влегува сиот народ, и започнува новата година. Зошто да не празнуваме и ние? Зборуваме за граѓанскиот живот, не за духовниот. Ние влегуваме во него со молитва и благослов Божји. Во тоа нема никаков грев.

YouTube Preview Image

Професор на Московската Духовна Академија, Алексеј Осипов

Благословен пречек на Новата Година, не заборавајќи ги старите и немоќните!

Извор: http://www.pravmir.ru/professor-aleksey-osipov-kak-vstretit-novyiy-god-po-hristianski/#ixzz3NSyUHwfL