Богословот и бабата

Влегува во црква млад човек со претставителен изглед. Бабата што седела на влезот, срамежливо го прашала:
– Синко, ти веруваш во Бога?
– Што зборуваш бабо, јас сум дипломиран богослов!

– А-а?!
После еднаминутна пауза, бабата пак го прашала:
– Синко, а ти барем читаш Библија?
– Бабо, ти кажав – јас сум богослов!
Бабичката, обидувајќи се да разбере, си повторувала по слогови:
– Бо-го-слов!
Потоа, му се обратила на гостинот со радост, и му рекло:
– Не се секирај, синко! Бог и таквите ги сака!