Божествената Златоустова Воскресна Литургија

Liturgija_004

На ден 13. 01. 2013 година, (недела) во храмот “Пресвета Богородица” во Битола, Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски Г. Стефан чиноначалствуваше на Божествената Златоустова Воскресна Литургија, во сослужение со надлежниот Епархиски Архиереј, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Преспанско-пелагониски и администратор Австралиско-новозеландски Г. Петар, Митрополитот Дебарско Кичевски Г. Тимотеј, Митрополитот Брегалнички Г. Иларион и Епископот Хераклејски Г. Климент.

Голем број верни чеда на Преспанско Пелагониската епархија, зедоа активно учество на овој Евхаристиски собир.