Богослужба во храмот Св. Богородица

Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Преспанско-пелагониски и Администратор Австралиско-новозеландски Господин Петар на 22/9 декември, Недела 26 по Педесетница (Зачатие на Света Ана; Св. Софрониј Еп. Кипарски), благоволи да Богослужи и проповеда во храмот Пресвета Богородица во Битола, а сослужуваа архиерејскиот заменик протоереј-ставрофор Никола Грамбозов, архиерејскиот намесник протоереј Оливер Ивановски, како и целото братство при храмот. На Божествената литургија претходеше чинот ракопроизведување кога со постригот за чинот чтец се здобија Миле Костовски, Александар Чокузовски, Драганчо Гулевски и Андреј Талевски, додека на малиот вход во чин протоереј беше произведен презвитерот Зоран Димовски.