Богојавление во Битола

На 19.01.2016 г., на празникот на Крштевањето на Господ Исус Христос во реката Јордан, и јавувањето на Бог Света Троица, митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар отслужи Божествена Литургија во соборниот храм Свети Димитриј, во Битола.

После литургијата во базенот во дворот на храмот Свети Великомаченик Димитриј, Владиката изврши Голем Водосвет, каде повеќе момчиња скокнаа по крстот, а најсреќниот меѓу нив беше Зоран Елисковски, 28 годишен битолчанец.

 

Тропар, глас 1
Кога во Јордан се крштеваше Господи, се потврди поклонувањето на Света Троица:
гласот на Отецот сведочеше за Тебе и Те нарече Свој сакан Син: и духот во вид на гулаб,
ја потврди вистината на Тоа сведоштво. Се јави Христе Боже, и го просвети светот, слава Ти.

 

P1250003 P1250006 P1250008 P1250011 P1250013 P1250014 P1250015 P1250017 P1250018 P1250021 P1250023 P1250024 Vodici2016-1 Vodici2016-2 Vodici2016-3 Vodici2016-4 Vodici2016-5

 

(дел од фотографиите се преземени од сајтот bitola.gov.mk)