Осма Недела по Педесетница – Света Архиерејска Литургија во Битола

На 26.07.2026 г., во Осмата Недела по Педесетница, кога го празнуваме споменот на Чудата на Светиот Архангел Гавриил, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар, во сослужение на  протоереи ставрофорите кирил трајковски, Трајко Босеовски и протоѓаконот Драган Георгиевски, отслужи Света Божествена Литургија во храмот „Свети Архангел Гаврил“, во Довлеџик – Битола.

На Божествената Литургијата, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.