Свети апостоли Петар и Павле – Света Архиерејска Литургија во соборниот храм „Свети Великомаченик Димитриј“, во Битола

На 12.07.2026 година, во шестата недела по Педесетница, кога Светата Православна Црква го празнува споменот на Светите славни и сефални апостоли Петар и Павле, Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар, во сослужение на протоерејот ставрофор Кирил Трајковски и ѓаконот Крсте Атанасов, отслужи Света Архиерејска Божествена Литургија во Соборниот храм „Свети Великомаченик Димитриј“ во Битола.

На Светата Божествена Литургија, верниот народ молитвено учествуваше во евхаристиското собрание и се причести со Светите Христови Тајни.

По завршувањето на Светата Литургија, свештенството и верниот народ молитвено му го честитаа именденот на својот Архипастир, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар. Во духот на денешниот голем празник, му беа упатени искрени желби Господ, по молитвите на Светите првоврховни апостоли Петар и Павле, да му дарува добро здравје, духовна и телесна крепост, мудрост, мир и долгогодишно плодоносно архипастирско служење за доброто на Светата Црква и на доверениот му православен народ.

На многу и благи години, Владико!