Велики Четврток – Света Архиерејска Василиева Литургија во храмот „Рождество на Пресвета Богородица“, во Битола

На 09.04.2026 г., во Четвртокот од Страсната седмица, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар, во сослужение на протоерејот-ставрофор Никола Грамбозов, протоерејот Игор Ризановски и протоѓаконот Драган Ѓоргиевски, отслужи Света Божествена Василиева Литургија во храмот „Рождество на Пресвета Богородица“, во Битола.

По завршувањето на Божествената Литургија, беше отслужена Светата Тајна Елеосвештение.