На 15.03.2026 г., во Третата Недела од Великиот пост (Крстопоклона Недела), кога го празнуваме споменот на преподобниот Агатон Египетски, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар, во сослужение на протоерејот ставрофор Сотир Гочевски, протоерејот Михаил Матвеев и протоѓаконите Драган Ѓеоргиевски и Константин Сековски, отслужи Света Божествена Василиева Литургија во храмот „Свети Великомаченик Георгиј“ во Ресен.
На Божествената Литургијата, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.










