Недела сиропусна (Прочка) – Света Архиерејска Литургија во соборниот храм „Свети Великомаченик Димитриј“ – Битола

На 22.02.2026 г., во Неделата на Адамовото изгонување од рајот, кога го празнуваме споменот на Светиот маченик Георгиј Кратовски, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар, во сослужение на протоереи ставрофорите Кирил Трајковски, Златко Костовски и ѓаконот Крсте Атанасов, отслужи Света Божествена Литургија во соборниот храм „Свети Великомаченик Димитриј“, во Битола.

На Божествената Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.