На 04.12.2025 г., кога го празнувавме Воведението на Мајката Божја, Пресвета Богородица во храмот, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар, во сослужение на протоереи ставрофорите Влатко Ристески, Илчо Смилески, протоерејот Кирил Павлевски, протоѓаконот Драган Георгиевски и ѓаконот Миле Маџароски, отслужи Света Архиерејска Литургија во храмот „Свето Благовештение“, во Прилеп.
На Божествената Литургијата, Митрополитот г. Петар, во чин чтец благоволи да го ракопроизведе богословот Христијан Ѓорѓиоски.
Верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.













