Десетта недела по Педесетница – Света Архиерејска Литургија во храмот „Свети Кирил и Методиј“, во Ресен

На 17.08.2025 г., во Десеттата недела по Педесетница, кога го празнуваме споменот на Светите седуммина младенци во Ефес , Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар, во сослужение на протоереј ставрофорот Сотир Гочевски, протоерејот Михаил Матвеев, протоѓаконите Драган Ѓеоргиевски, Константин Сековски и ѓаконот Сретен Ангелковски, отслужи Света Божествена Литургија во храмот „Свети Кирил и Методиј“ во Ресен. 

На Божествената Литургија, Митрополитот г. Петар, благоволи во ѓаконски чин да го ракоположи чтецот Сретен Ангелковски .
Од името на Епархијата, на новоракоположениот ѓаконот Сретен Ангелковски, му честитаме за примениот ѓаконски чин и се молиме достојно да Му служи на Бога и на верниот народ, принесувајќи многубројни плодови.

На Божествената Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.