На 07.07.2025 г., кога го празнуваме Раѓањето на Светиот Јован, Претеча и Крстител Господов, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар, во сослужение на Епископот Велички г. Никола, протоерејот-ставрофор Никола Грамбозов, архимандитрот Серафим (Јончевски), протоерејот Рубин Бојчески и протоѓаконот Драган Ѓеоргиевски, отслужи Света Божествена Литургија во манастирот „Свети Јован Крстител“, во Слепче.
На Божествената Литургија, Митрополитот г. Петар, во чин архимандрит го ракопроизведе игуменот Серафим (Јончевски).
Верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.