На 29.06.2025 г., во Третата недела по Педесетница, кога го празнуваме споменот на Светите маченици Тигриј и Евтропиј, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар, во сослужение на протоереи ставрофорите Никола Грамбозов, Сотир Гочевски, протоереите Љупчо Атанасов, Михаил Матвеев, ерејот Кирил Донев, протоѓаконите Драган Ѓеоргиевски, Константин Сековски и ѓаконите, Димитар Поп Атанасов, Никола Атанасовски, Крсте Атанасов и Михаил Атанасов, отслужи Света Божествена Литургија во храмот „Свети Кирил и Методиј“ во Ресен.
На Божествената Литургија, Митрополитот г. Петар, благоволи во свештенички чин да го ракоположи ѓаконот Кирил Доневв, а во ѓаконски чин, чтецот Михаил Атанасов.
Од името на Епархијата, на новоракоположениот свештеник Кирил Донев и на ѓаконот Михаил Атанасов, им ги честитаме примените свештени чинови и се молиме достојно да Му служат на Бога и на верниот народ, принесувајќи многубројни плодови.
На Божествената Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.