На 17.04.2025 г., во Четвртокот од Страсната седмица, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар, во сослужение на протоерејот-ставрофор Никола Грамбозов, протоереите Игор Ризановски, Гроздан Богевски и протоѓаконот Драган Ѓоргиевски, отслужи Света Божествена Василиева Литургија во храмот „Рождество на Пресвета Богородица“, во Битола.
На Божествената Литургија, Митрополитот г. Петар, во чин протоереј го ракопроизведе ерејот Гроздан Богевски.
По завршувањето на Божествената Литургија, беше отслужена Светата Тајна Елеосвештение.