На 07.03.2025 г., кога го празнуваме споменот на Светиот маченик Маврикиј и седумдесетмина војници, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар, во сослужение на протоереи ставрофорите Кирил Трајковски, Златко Костовски и ѓаконот Крсте Атанасов, отслужи Света Божествена Литургија во соборниот храм „Свети Великомаченик Димитриј“, во Битола.
На Божествената Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.