Втор Акатист кон Мајката Божја, Пресвета Богородица

На 10.03.2023 г., во вториот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски и Администратор Австралиско- новозеландски г. Петар, во сослужение на протоерејот ставрофор Никола Грамбозов, протоереите Николче Димовски Чонтев, Зоран Димовски, ерејот Игор Ризановски и протоѓаконот Драган Ѓеоргиевски, отслужи Мало повечерие со читање на втората статија од Акатистот кон Пресвета Богородица, во храмот „Рождество на Пресвета Богородица“, во Битола.