Свети Нектариј Битолски – Светa Божествена Литургија во соборниот храм „Свети Великомаченик Димитриј“ во Битола

На 18.12.2023 г., кога го празнуваме споменот на Свети Сава Осветен и споменот на Свети Нектариј Битолски, заштитникот на градот Битола, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар, во сослужение на  Епископот Дељадровско-илинденски г. Јоаким, протоереј ставрофорот Никола Грамбозов, протоереите Златко Костовски и Кирил Трајковски, протоѓаконите Драган Георгиевски и Ѓорѓи Делев, отслужи Света Божествена Литургија во соборниот храм „Свети Великомаченик Димитриј“, во Битола.

На Божествената Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.

Во името на Отецот и Синот и Светиот Дух!

Преосвештен Владоко, високопреподобно отци, свештенослужители и ѓакони, браќа и сестри!

Оние кои се Христови, ги распнаа своите тела со сттрастите и похоите…

(Аудио) «Празнична аудио проповед на Митрополитот г. Петар»