Света Архиерејска Литургија во Кошице, Словачка

На 06.05.2023 г., Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар, отслужи Света Божествена Литургија во соборниот храм „Успение на Пресвета Богородица“, во Кошице, Словачка, во сослужение на надлежниот Архиереј, Архиепископот Михаловско-кошички г. Георгиј, од Православната Црква на Чешките земји и Словачка.