Големо осветување на храмот „Свети Јован Крстител“, во село Езерани

На 23.09.2023 г., кога го празнуваме споменот на Светите маченички Минодора, Митродора и Нимфодора , Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар, во сослужение на протоерејот ставрофор Никола Грамбозов, протоереите Сотир Гочевски, Михаил Матвеев, протоѓаконите Драган Георгиевски и Константин Сековски,  изврши Големо осветување на храмот „Свети Јован Крстител“, во село Езерани.

После Големото советување, беше отслужена Света Божествена Литургија.

На Божествената Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.