Четврта Недела по Пасха – Света Архиерејска Литургија во соборниот храм „Свети Кирил и Методиј, во Михаловце

На 07.05.2023 г., во Четвртата Недела по Пасха, Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар, отслужи Света Божествена Литургија во соборниот храм „Свети Кирил и Методиј“, во Михаловце, Словачка, во сослужение на надлежниот Архиереј, Архиепископот Михаловско-кошички г. Георгиј, од Православната Црква на Чешките земји и Словачка.