Велики Четврток- Света Архиерејска Литургија во соборниот храм „Свети Климент Охридски“, во Скопје

На 21.04.2022 г., на Велики Четврток, Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски и на Јустинијана Прва, г.г. Стефан, во сослужение на членовите на Светиот Архиерејски Синод на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, отслужи Света Василиева Литургија во Соборниот храм „Св. Климент Охридски“ во Скопје. На Божествената Литургијата, беше осветено новото Свето Миро и со тоа се заврши чинот на Мироварение, кој започна на Велики Понеделник од Страсната недела.