Големо осветување на храмот „Успение на Пресвета Богородица“, во село Обедник

На 22.10.2022 г., кога го празнуваме споменот на Светиот апостол Јаков, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар, во сослужение на ерејот Крсте Тасески, протоерејот Тони Смутковски и протоѓаконот Драган Георгиевски,  изврши Големо осветување на храмот „Успение на Пресвета Богородица“, во село Обедник.

После Големото советување, беше отслужена Света Божествена Литургија.

На Божествената Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.