Дваесет и прва недела по Педесетница – Света Архиерејска Литургија во храмот „Рождество на Пресвета Богородица“, во Битола

На 06.11.2022 г., во Дваесет и првата недела по Педесетница, кога го празнуваме споменот на светиот маченик Арета и светата маченичка Синклитикија, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар, во сослужение на Архиепископот Михаловско-кошички г. Георгиј до Православната Црква на Чешките земји и Словачка, протоерејот ставрофор Никола Грамбозов, протоерејот Николче Димовски Чонтев, протоѓаконот Драган Ѓеоргиевски и ѓаконот Александар Петковски, отслужи Света Божествена Литургија во храмот „Рождество на Пресвета Богородица“, во Битола.

На Божествената Литургијата, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.