Вистината за украинскиот црковен проблем

Познато е дека прашањето за автокефалноста на Украинската Црква се однесува на целиот православен свет. Тоа е најголемиот црковен настан во последните децении, и тоа  не толку заради создавањето на една независна православна црква, петнаесетта во хиерархијата, туку заради реакцијата на Руската Православна Црква, што предизвика поделба во Православието, прекинување на меѓусебното споменување, и нарушување на  единството меѓу верниците, кон сите оние што ја признаваат новата автокефална Црква на Украина.

Со селективното потпирање на некои канони, тие во Руската Црква се обидуваат мнозина да наговорат  да ги следат, намерно игнорирајќи  го,  дури и Светото Предание, и црковната практика, кои пак ги побиваат нивните тврдења. И самите тие, се разбира, ја продолжуваат полемиката против Вселенската Патријаршија, занемарувајќи го зборот на Евангелието: ,,И сега ви велам – оставете ги овие луѓе на мир, не гибајте ги; зашто, ако е таа замисла или тоа дело од луѓе, ќе се разруши, а ако е, пак, од Бога, вие не можете да го разрушите; внимавајте да не станете борци против Бога!” (Дела 5, 38-39).

Како одговор на изјавите на оние кои ја претставуваат Московската Патријаршија, го забележуваме ова што подолу ќе следи – знаејќи и учествувајќи во црковното прашање што се појави – со цел да им ја претставиме вистината за ова прашање и со цел да ги просветлиме  верниците.

          1. Тие тврдат дека Вселенската Патријаршија влегла на нивна територија

Во 988 година, Киевска Русија го прифати  христијанството од  Византија. Покрстувањето на народот, се случило во реката Днепар, во Киев. Првото митрополитско седиште беше во Киев и од тогаш е подредено на Вселенскиот престол на Цариград.

Во 14 век, кога политичката моќ била пренесена од Киев во Москва, целата територија останала под јурисдикција на Вселенскиот трон, а украинските земји биле припоени кон Полско-литванскиот сојуз.

Во 1589 година, Митрополитот Московски го побара правото и ја преземе титулата патријарх. Во 1685 година, Московскиот Патријарх Јоаким, во договор со цар Петар Велики, побарал од Вселенскиот Патријарх Дионисиј IV да ги стави источните провинции на Украина под неговата црковна јурисдикција,  кои биле припоени на владееење кон Русија.

Вселенскиот Патријарх го одбил барањето на Московскиот Патријарх, но, преку економија, го потпиша познатиот синодски акт од 1686 година: ,,На Најблажениот Патријарх Московски дозволено  му е, да го хиротониса киевскиот Митрополит“ и додава-,, Ова е дозволено преку економија-снисходење“.

Преку овој патријаршиски акт, на Московскиот Патријарх му беше дозволено, преку економијата-снисходение (како што е погоре наведено), да го ракоположи и да го востоличи избраниот Киевски Митрополит во Киев, под  апсолутен услов  Митрополитот Киевски задолжително  да го споменува името на Вселенскиот Патријарх на секоја Света Литургија

„А кога овој,  Митрополит Киевски, ќе извршува Божествена и Света  бескрвна жртва, прво да го спомне чесното име на Вселенскиот Патријарх,  како извор и почеток на првобитната состојба  на сите парохии и епархии“ , што значи дека тој канонски ќе остане под јурисдикција на Вселенската Патријаршија. Со ракополагање на Митрополитот Киевски, Московскиот Патријарх дејствуваше како агент и претставник на Вселенскиот престол.

Во 1620 година, на ист начин постапил и Ерусалимскиот Патријарх Теофан, пратеник на Вселенскиот Патријарх, ракоположувајќи го Митрополитот Киевски. Теофан се разбира не сметал, дека преку неговото ракополагање, Митрополијата во Киев паднала под јурисдикција на Ерусалимската патријаршија.[1]

Сепак, нема писмено сведоштво дека Вселенскиот Патријарх целосно и дефинитивно ја предал Митрополијата во Киев под канонска јурисдикција на Московскиот Патријарх, токму спротивното. Покрај тоа, Московската Патријаршија никогаш не ги примени условите на ова писмо и насилно ја припои Украинската Црква под нејзина јурисдикција, по Втората Светска Војна (1945), го намали статусот на Автономна Православна Црква на Украина, поради нејзините неодамна припоени провинции кон Советскиот Сојуз.

И дотолку повеќе, во 2000 година, со новата законска повелба на Руската Црква, таа повторно го спушти статусот на Автономната Црква на Украина на статус на Самоуправна Црква, со цел да ја стави под јурисдикција на Московската Патријаршија, така индиректно нарекувајќи ја канонска територија. Во овој случај, Московската Патријаршија постапи без благослов на Мајката Црква.  И сè што е направено без благослов нема добар крај.

Вселенскиот Патријарх никогаш не бил спомнат. А споменувањето значи, како што добро знаеме, дека духовниот авторитет му припаѓа на оној што се споменува. На пример: секој регион што го споменува Српскиот Патријарх, е под јурисдикција на Српската Патријаршија; секој регион што го споменува Романскиот Патријарх, е под јурисдикција на Романската Патријаршија, итн. Вселенската патријаршија, сакајќи да и даде автокефалност на Украинската Црква, ја поништи валидноста на ова писмо, односно дозволата на Московскиот Патријарх за ракополагање и устоличување на Митрополитот Киевски.

Всушност, ова писмо не беше поништено сега, туку во тоа време, од Московскиот Патријарх и никогаш не беше применето, бидејќи сите негови услови никогаш не беа исполнети. За нас не треба да биде изненадување што Руската Црква не зборува за тоа. Таа се повикува само на црковната свест, која, сепак, се формира во црковната пракса, односно на начинот на кој Црквата дејствува низ вековите. И ова не и го одзема правото на Вселенската Патријаршија да ја укине валидноста на писмото и да ги стави работите на нивно место, за спасение на верните.

Вселенската Патријаршија, и покрај навлегувањето на Руската Црква на нејзината територија, дејствуваше дури сега, кога толку многу луѓе беа осудени да станат расколници без некоја посебна причина. Таа не дејствуваше заради своите интереси, како што можеше да постапи, туку од љубов кон спасението на целиот Украински народ, кога имаше голема потреба за тоа.

Во 1991 година, Украина стана независна држава. Како природна последица, Украинската Црква побара од Московската Патријаршија, да ги започне потребните чекори за да се добие автокефалност. Целата хиерархија на Украина го потпиша барањето во 1992 година со заедничка одлука, но на Руската Црква и беше многу тешко да дозволи Украинските Цркви да добијат автокефалност.

Доколку Украинските Цркви би добиле автокефалност, (Московската Патријаршија) би изгубила многу важни територии и места за богослужба, кои се директно поврзани со нејзината историја, а во исто време би го изгубила и своето влијание. Затоа претпочиташе да предизвика раскол во Украина, наместо да ја признае нејзината автокефалност. Во суштина, беа создадени два табора: едниот што ја поддржуваше независноста на Украинската Црква (расколници) и другиот, следбеник на Руската Црква.

Вселенската Патријаршија во повеќе наврати барала од Московската Патријаршија да го реши прашањето за Украинската Црква. Но, гледајќи ја постојаната неподготвеност на Московската Патријаршија, таа постапи по службена должност, како Мајка на црквата која има одговорност и грижа да ги решава и враќа црковните работи по нејзиниот нормален пат, врз основа на привилегиите што ги доби од Вселенските Собори „поканувајќи ги сите во една заедница“ (види кондак на Педесетница), за враќање на мирот во Украинската Помесна Црква.

На оние што одговориле на повикот на Големата Христова Црква (Цариградската Патријаршија), таа им ја дала посакуваната автокефалност.

Ако Руската Црква сакаше единство во Православната Црква, сè ќе беше многу лесно. За жал, сепак, како што може да се види, таа станува се повеќе заинтересирана да не го губи своето влијание во Украина. И, тоа предизвика големи проблеми во целото Православие, бидејќи го прекина литургиското спомнување и комуникацијата на нејзините верници со оние од Вселенската Патријаршија и со сите оние кои ја признаваат новата автокефална Црква на Украина.

Сепак, позицијата на Вселенската Патријаршија е различна. Таа лесно може да најде начин да се одмазди,  со нарушување на заедницата со нив, или кој било друг вид санкции. Но, таа се однесува како вистинска Мајка Црква, удоволувајќи им на сите, и трпеливо чекајќи да ги поправи своите незадоволни синови. Таквите дела се благословени од Бога, а не одмазда.

И тоа е токму она што Вселенскиот Патријарх го рече, дека оваа автокефалија не е како другите. Има важна и јасна карактеристика: бидејќи ова, многу му е угодно на Бога, бидејќи со оваа автокефалност е можно да се врати каноничноста на милиони луѓе кои биле расколници.

Исто така, се наведува дека автокефалноста не ги донела резултатите што ги сакаше Вселенскиот Патријарх. Но, што друго би можел да сака освен да ги спаси овие милиони поранешни расколници? И тоа е она што Христос го бара: спасението на луѓето. Сегашните реакции се минливи и ќе се спласнат, бидејќи тие се против Божјата Волја  ,, Кој сака сите луѓе да се спасат и да ја познаат вистината“ (1 Тим. 2, 4).

          2. Тие тврдат да не постои покајание кај поранешните расколници

Заедно со Руската црква, тие тврдат дека нема покајание кај поранешните расколници, поточно Митрополитот Филарет и Митрополитот Макарије кои се рехабилитирани . Но, укинувањето на „црковните структури“, каде што тие служеа, го покажува спротивното. Покрај тоа, тие не се одрекоа од православната вера и догматите, нивното барање беше автокефалност, имено административни работи, кои тие имаа  право  да ги бараат.

Главните обвинувања против Митрополитот Киевски, Филарет, беа дека тој решил да поднесе барање за автокефалноста на Украина и дека не поднел оставка како Митрополит Киевски, но под притисок на Московската Патријаршија, а гледајќи дека,  Московската Патријаршија не и дозволува автокефалност на Украинската Црква, тој ја создал расколничката Патријаршија во Киев и како резултат на тоа, Руската Црква го одбила и го проколнала.

Но, како можеме да кажеме дека Митрополитот Филарет не се покаја? Чинот што го покажа неговото вистинско покајание беше, токму одлуката за укинување на „Киевската Патријаршија“, на која служеше 27 години. Ако не се покаеше, немаше да го потпише нејзиното укинување.

Меѓутоа, кога Руската Црква вели дека не се покајала, тоа  всушност се однесува на фактот дека тој не се покајал во врска со автокефалноста на Украинската Црква. Тие сакаа тој да се покае и да побараат прошка од оние што го расчинија.

Имено, да им се извини, затоа  што сакаше автокефалност на Црквата во својата земја, а не зависност од Руската Црква!

Покрај тоа, тој се жалеше шест пати, барајќи од Вселенската Патријаршија да го рехабилитира. На крајот, Вселенскиот Патријарх го рехабилитираше, гест што значеше рехабилитација на многу милиони украински верници, кои исто така беа расколници, бидејќи тие припаѓаа на расколничката Патријаршија во Киев. Можеби се предомислил по рехабилитацијата. Но, ова е негов личен избор.

Покрај Митрополитот Филарет, Вселенската Патријаршија го рехабилитираше и Митрополитот Макарије, кого го обвинуваа дека е самопрогласен. Но преку неговата рехабилитација, исто така беа  рехабилитирани милиони верници кои ја следеа автокефалната расколничка Црква на Украина. Но, Митрополитот Макарије беше неправедно обвинет дека се самоизбрал за Митрополит. Сите акти на неговото ракополагање се во Вселенската Патријаршија. Тој трпеливо  ја издржа оваа сурова и неправедна клевета. И ова го осветува. Без љaубов кон славата (тој лесно можел да бара многу „права“ како дел на поранешната автокефална расколничка Црква на Украина),  сепак, тој работи за доброто на своето стадо и на својата земја.

Некој мораше да се заинтересира за овие милиони верници. Што значеше дека треба се остават 99 овци и да се оди да се бара изгубената. (види Лука 15,4).

Сите чекаа Руската Црква да излезе со ова решение. Но, залудно. Милиони Украинци се поделени веќе 27 години, не знаејќи зошто. Треба да се радуваме сите, бидејќи целиот Украински народ сега го најде својот „пат на спасение“ [9]. Црквата Христова сега има многу милиони нови членови.

          3. Тие тврдат дека Вселенската Патриајаршија нема право да прима жалби од други патријаршии

Вселенската Патријаршија не го признава расколот, како што тврдат во Руската црква, но го излекува. Отсега натаму, во Украина нема повеќе расколници. Вселенската Патријаршија имаше право да рехабилитира, бидејќи, како што се покажа, Украина беше под нејзина јурисдикција, но особено затоа што Црквата, преку Вселенските Собори, и  даде на Вселенската Патријаршија привилегија, како прва црква меѓу еднаквите, да интервенира по службена должност. Доколку е потребно, но исто така и да прима барања за жалби против Одлуки на други локални цркви и да ги суди и решава нивните случаи.

Архим. Калиникос Деликанис, во официјални акти на Црквата зачувани во Кодексот на патријаршискиот архив, за односите на Вселенската Патријаршија со црквите: Александрија, Антиохија, Ерусалим и Кипар (1574-1863), стои:  „Не само во однос на догмата“, туку и во секое важно прашање што го има автокефална црква, се грижи, и се под старателството на Големата Христова Црква – по службена должност и како должност или по покана на заинтересираните –  дава ефективен придонес во арбитражата и решавањето на различните конфликти помеѓу Светите Божји Цркви, решавајќи ги недоразбирањата помеѓу пастирите и парохијаните.“ Само ова му дава одговорност да ги врати еретиците и расколниците во Црквата.[2]

Имено, тој ги регулира црковните работи како повисок суд. Оваа привилегија постои уште од античко време, кога папата судеше во случаи поврзани со други патријаршии. За Вселенската Патријаршија, правото да прима жалби од други источни патријаршиски престоли е поврзано со канонот 28 од Четвртиот Вселенски Собор, според кој на престолот на Нов Рим му бил даден „еднаков приоритет“ на антички Рим[3]. Ова е потврдено и со каноните 9 и 17 од истиот Вселенски Собор

Канон 9: „И, ако епископ или духовник имаат несогласувања со Митрополитот од истата Епархија (Митрополија), тој суд треба да го преземе Егзархот на Епархијата, или седиштето на царскиот град Константинопол (прашајте го судијата) и да му суди. Канон 17: „И ако некому му згреши сопствениот Митрополит, нему нека му суди Епархискиот Егзарх или престолот на Цариград“.

Коментарот на Јоанис Зонара во основа се однесува на тоа дали Вселенската Патријаршија има право да интервенира по службена должност или надвор од јурисдикцијата на нејзината јурисдикција; тоа е, ако може да интервенира на барање на која било Црква или по службена должност, кога смета дека е потребно. жалбата, која е доброволно барање до Вселенската Патријаршија за решавање на кој било случај на предметните цркви, во никој случај не е спорен.

Руската Црква се потпира само на коментарот на Зонара, канонист од дванаесеттиот век, за Канонот 17, што веќе беше споменато („дека не смееме да се обраќаме кон него, за да можеме да им судиме на оние што не сакаат“) , но исто така Светото Предание и црковната практика,  се над секоја херменевтика. И ова беше толку утврдено во Светото Предание на Црквата што кога руските свештеници ги прашаа источните патријарси во 1663 година дали Вселенската Патријаршија има право да суди во случаите на други локални цркви, сите патријарси одговорија позитивно, во еден глас, дека само Вселенската Патријаршија го имаше ова право.[4]

Историјата на Црквата е полна со поплаки кон Вселенските Патријарси од другите локални цркви. Дури и Московската Патријаршија прибегна, повикувајќи го Вселенскиот престол, да ги реши проблемите  кои е тешко да се решат, а со кои самата се соочуваше. На пример, Патријархот Адријан од Москва (1690-1700), кога царот Петар Велики го притисна да го ракоположи латинскиот мислител Дионисиј во Епархијата Луцк, му се обрати на Вселенскиот Патријарх, чија директна интервенција ја сметаше за неопходна за да се спречи тоа.[5] До денес, во историјата на Православната Црква, не постои исклучок што покажува дека некогаш било поднесено барање до друг примат надвор од Вселенската Патријаршија. И очигледно е дека Московската Патријаршија се обидува на кој било начин да го спречи канонското право на Вселенската Патријаршија да ја прифати поканата на Митрополитот Киевски, Филарет и да го рехабилитира во црковната заедница. Како оној што ја признава оваа привилегија на Вселенската патријаршија (Апел), ја признава и рехабилитацијата на поранешните расколници во Украина.

          4. Тие тврдат дека признавањето на поранешните расколници не е валидно и дека тие сè уште остануваат расколници

За жал, тие во Руската Црква игнорираат (можеби намерно) многу слични или потешки случаи со кои се соочувала Православната Црква во својата илјадагодишна историја. Како пример, го споменуваме следново:

а) Свети Кирил Ерусалимски е ракоположен за епископ од страна на Аријанците. Потоа, откако тој преминал во Православието, бил примен како Архиереј, и не само тој, туку и оние кои тој ги ракоположил, без повторно да бидат ракополагани

б) Сите расчинети од еретикот Петар Велики, откако се одрекоа од ересите на Хевтијците и го признаа Халкидонскиот Синод, беа примени од Црквата Христова, без повторно да бидат ракоположени.

в) Во житието на Свети Сава се споменува дека кога Ерусалимскиот патријарх Илија заспал во Господ, Севиријанците го поставиле Јован на патријаршискиот престол, истомисленик со нив, кој по наговор на Свети Сава и Теодосиј, ја прифатил Православната Вера. Сепак, фактот дека тој беше ракоположен за еретик не беше пречка.[6]

Нешто слично се случи и со Бугарската црква, која беше во раскол 75 години. Во 1945 година, расколниците биле рехабилитирани и, се разбира, не биле повторно ракоположени сите владици, свештеници и ѓакони, иако сите биле поранешни расколници.

Ќе забележиме уште еден факт: Старецот Ефрем Катунакиски, новиот светец на Црквата, беше ракоположен за свештеник во 1936 година од страна на Епископот на Кикладите, во стар стил, Герман, на кого се распушти официјалната Црква. Затоа, иако побожниот Ефрем не беше ракоположен од канонскиот архиепископ, Црквата го прими во своите прегратки, без ново ракополагање и го вброи во друштво на своите светители.

Неправедно е што Московската Патријаршија ја обвинува Вселенската патријаршија за признавање на антиканонски ракополагања, бидејќи тоа го стори во 2007 година со Руската Црква во дијаспората (Руската задгранична Црква). Оние кои ги сметаше за расколници скоро еден век, таа ги рехабилитираше со едноставен потпис  и ги призна сите нивни Свети Тајни со цел да се зачува единството. Но, ниту збор за апостолското преемство.

Црквата донесувала такви одлуки преку економија-снисходење низ вековите, така што за човекот постои единство и спас. Таа тоа не го прави  формално и рационално. Црквата работи за спасение. Нејзината цел е да спаси луѓе. Како да спаси, а не како да осуди. Црквата не е создадена од каноните, но Црквата е таа што ги создала каноните. И каде што е потребно, „законот се поместува по потреба“ (Евр. 7, 12).

Имаме, како што видовме, уште многу луди случаи, каде признати познати епископи се поставени од еретици, кои и нанеле голема штета на Црквата. Случајот со Украина е многу полесен во споредба со толку многу тешки ситуации со кои Црквата се соочувала во минатото со еретиците. Тука споровите се административни (барање за автокефалност), а не догматски. Но, таму тогаш тие прифатија ракополагања извршени од луѓе со  спротивни на догмати, односно еретици.

Повторно, да не заборавиме дека Црквата прифаќа и крштевање во воздух, што лаиците, го вршат над новороденчињата, под опасност од смрт. Исто така, во житието на Свети Атанасиј Велики, читаме дека кога бил дете, во играта, тој крштевал други деца, а Црквата го признала тоа крштевање , Светиот Дух „каде што сака дише“. Нема логично објаснување. Не може ли Бог „да ги воскресне синовите на Авраам од оваа карпа“ [24].

          5. Тие тврдат дека Вселенскиот Патријарх сака да биде прв бесопарник и го нарекуваат папа на истокот

Познато е дека првенството и приматот на Вселенскиот Патријарх беше зајакнат со Вселенските синоди. Со Одлуки на Четвртиот и Шестиот Вселенски Собор, Цариградскиот Патријарх доби почесно првенство, еднаков на римскиот папа. Така, по расколот на Црквите (1054), тој остана единствениот со ова почесно првенство. Историјата и каноните на Вселенските собори ја покажуваат главната улога на Вселенската Патријаршија, но каква е содржината на оваа улога . Почесното првенство не е само формален приоритет, туку има и канонски овластувања, вклучително и давање автокефалност. Сите автокефалски и патријархални наредби на помладите локални Цркви беа дадени од Вселенската Патријаршија, која им даде автокефалност на сите локални цркви, почнувајќи од Русија од 16 век, а потоа и други, од кои последната беше Украина . Сега, по прашањето на Украина, Московската Патријаршија бара давање автокефалност само со одобрување на сите локални цркви, во форма на Сеправославен собор. Сепак, Сеправославниот Синод не ја одобрува автокефалноста, сè додека тоа е исклучива привилегија на Вселенската патријаршија.

Одлуките ги донесува не само Вселенскиот Патријарх, туку и Светиот Синод со кој тој претседаваше, бидејќи во Православната Црква постои синодалност: и нема папска непогрешливост. Многу одлуки се променети или одложени со подетално испитување на прашањата што ги бараат синодалните епископи. И многу здрава работа е што сите синодални епископи, се менуваат во редовни интервали, што обезбедува објективност и кредибилитет на одлуките.

Московската Патријаршија, сакајќи да ги поништи привилегиите што Црквата и ги даде на Вселенската Патријаршија, преку Вселенските Синоди, измисли поинаков начин на средба со синодите, со согласност на Ерусалимската Патријаршија. Таков состанок се одржа во Аман, Јордан и, се разбира, беше осуден на неуспех, бидејќи нема никаква врска со Светото Предание на Црквата. Очигледно е дека некои не можат или не сакаат да го следат добро загазениот и безбеден пат на традицијата и историјата на Црквата и бараат да најдат нови „платформи“ за свикување на Синодот.

Несомнено е дека Поглаварот на Православната Црква е Христос, и, несомнено, соборноста од секогаш постои во Православната Црква. Сепак, секој Синод се свикува и со него раководи една личност. Во Московската Патријаршија, од Патријархот Кирил, во Романската Патријаршија, од Патријархот Даниел, во Грчката автокефална Црква, од Архиепископот Јероним итн. Затоа, според осветената канонска традиција и според црковната практика, на соборите на поглаварите на сите локални Цркви, секогаш е тој што ги свикува и со него раководи Вселенскиот Патријарх.

Се слушаат многу мислења кои немаат никаква врска со Светото Предание на Црквата. Вклучувајќи дека „на состанокот во Аман, сите биле еднакви, седеа на тркалезната маса и дека тоа е вистина и дека така треба да се одржуваат сеправославните состаноци“. Без глава, бидејќи главата е Христос “. Никој не се сомнева дека Христос е Глаава на Црквата. Но, овие работи се туѓи во Православното Предание и се опасни за неа. Црквата никогаш не го сторила тоа. Секогаш имало некој кој бил прв, според образецот и местото на Христос. На пример, во Светата Литургија гледаме дека едниот е тој што ја води и ја извршува тајната. Сите можат да бидат еднакви по ранг, но мора да се биде прв, следејќи го примерот на Христос. На првиот Апостолски Собор, кој беше водач: Свети Јаков, братот на Господ. Сите беа Апостоли, но некој претседаваше со Соборот и ја водеше дискусијата. Затоа, Соборот (Синодот) не може да биде без глава.

На состанокот во Аман се погази Светото Предание на Православната црква. Сите намери на учесниците на ова „братско собрание“ станаа очигледни. Целта беше (и е) да се деградира улогата на Вселенскиот Патријарх во Православието. Да нема право да наложува црковни прашања, да даваа автокефалност, да добиваа барања за поплаки од други локални цркви итн. Така што првенството на честа  да остане формален, без сите привилегии што му ги даде Црквата, преку Вселенските Собори.

Сепак, сите овие работи се воспоставени во Преданието на Православната Црква и се такви со векови. И ние, следејќи го она што Црквата ни го довери, одиме безбедно. Сите други се опасни иновации и мислења на оние кои се вознемирени од привилегиите што Црквата му ги дала на Вселенскиот Патријарх. И важно е дека таа не ги зеде сама, ниту ги побара, туку ѝ ги дадоа Вселенските Собори, и, за жал, оној што им се спротивставува ги предизвикува одлуките на многу богоносни татковци. И сите се плодови на Светиот Дух, Кој е совршен Бог, и сè што Бог создал е совршено и не треба да се корегира. Не може да биде подобро. Ако интервенираме, можеме само да го влошиме. Значи, Патријархот не е папа, ниту прв над другите. Тој не прави ништо повеќе од исполнување на привилегиите што му ги дала Црквата, што му припишува одговорност и грижа за правилно основање на сите други локални Цркви.

          6. Тие тврдат дека се во право, затоа што не ги признаваат сите автокефални цркви на поранешните расколници

Признавањето на нова автокефална црква е процес што може да трае многу децении. Како доказ, споменуваме дека Бугарската патријаршија беше признаена по 75 години, додека Полската црква беше целосно признаена по 24 години.

Одмаздата што им ја наметна Московската Патријаршија на Црквите кои ја признаа новата автокефална црква на Украина се состои во прекинување на заедницата, прекинување на финансиската поддршка и, се разбира, закани за влегување на нивните територии илегално со воспоставување парохии без благослов на локалните епископи. Прекин на спомнуваето и  причестување се мерки што Црквата ги користи за педагошки цели. За жал, сепак, во случајот со Руската Црква, гледаме како тие се користат како средство за одмазда против оние кои не се согласуваат со нејзините намери.

Како одмазда за признавањето кое дојде  од Грчката Црква, РПЦ донесе невидена Одлука во историјата на Црквата: таа ја прекина заедницата со Митрополиите чии Митрополити беа согласни да ја признаваат новата автокефална црква на Украина и е во евхристиско единство со многу малку Митрополии чии митрополити се спротивставија на признавање.на оваа Црква. Затоа, очигледен е напорот на Руската Црква да ја подели Грчката Црква на ниво на Митрополии , но и индиректно да ги предупреди другите локални Цркви, кои многу добро ги знаат проблемите што Руската Црква може да ги предизвика, многу силни политички и економски, во нивните региони. веќе го испровоцира целото Православие, прекинувајќи ги руските верници од заедницата со оние што веќе ги признале. Всушност, Руската Црква е Црква со најмногу членови.

Вистина е дека руските верници се многу љубезни и набожни. Тие не штедат напор и жртва. И што е најважно, тие се покоруваат на својата Црква. Никој не може да каже дека греши ако се покорува. Повеќето, се разбира, имаат одредени забелешки, но тие не можат да сторат ништо без заповедите на нивната Црква. Другите постапуваат според нивната совест, без оглед на забраните. Толку години живееја во атеизам и комунизам, а сега кога почнаа да уживаат во Православието, тие се далеку (од Православието).

Заклучок:

Гледаме дека Вселенската Патријаршија дејствува со разбирање на одговорноста што ја има, бидејќи Првата Црква е меѓу еднаквите; одговорноста што ја доби преку привилегиите дадени од Вселенските Собори. Вселенскиот Патријарх знаеше дека ќе биде одговорен пред Бога ако им дозволи на овие милиони луѓе да останат во раскол. Тој имаше должност да постапи и да најде решение.

Можеме да го споредиме украинскиот црковен проблем со Божјите чуда. Фарисеите видоа чуда, но го обвинија Господ дека ја прекршил саботата. Тие се раководеа (дословно) на заповедите на Законот. Тие не можеа да ја разберат Божјата величина, односно дека таа е над законот. Него го обвинувале дека имал демони  и спасувал луѓе (со помош на демоните).

Гледаме дека Руската Црква падна во сите грешки за кои ја обвинува Вселенската Патријаршија:

а) Таа го обвинува Вселенскиот Патријарх за влегување на нејзина територија, додека таа самата влегла на територијата на Украина, која и припаѓала на Вселенската патријаршија и продолжува да влегува во регионите што и припаѓаат. Исто така, се заканува да навлезе во сите Цркви што ја признаваат новата автокефална црква на Украина.

б) Обвинението за признавање на поранешни расколници, но и таа (РПЦ) го стори истото и со Руската Црква во дијаспората (РПЦЗ), немајќи канонско право за тоа.

в) Погрешно се повикува на црковната совест, противејќи се на Светото Предание на Црквата, која ја создава црковната совест и ја диктира улогата на Вселенскиот Патријарх, и дејствува со дела туѓи на осветената канонска традиција и црковната практика.

г) Го обвинува Вселенскиот Патријарх дека сака да биде прв без еднакви, истовремено обидувајќи се да организира синоди (кои немаат вселенско право), со цел понижување на Вселенската Патријаршија, така што таа самата да има клучна улога во Православие.

д) Ја обвинува Вселенската патријаршија за создавање раскол, истовремено забранувајќи споменување и причестување на оние кои ја признаваат новата Автономна Црква на Украина. Расколот е направен од Руската Црква, а не од Вселенската Патријаршија. Сите локални цркви имаат заедница со Вселенската Патријаршија. Наспроти тоа, Руската Црква ја прекина заедницата со црквите што ја признаа новата автокефална Црква на Украина,

Познато е дека автокефалноста на Украина е факт. И постепено, сите треба да го прифатиме тоа. Автокефалната црква на Украина е под благослов на Мајката Црква, која им даде автокефалија на сите цркви. И ова ги прави среќни украинските православни браќа. Времето ќе покаже дека „она што се прави во Црквата не се менува“.

Многумина веруваат дека се исповедници на верата, го осудуваат и се потсмеваат на Вселенскиот Патријарх. Сепак, вистинското сведоштво е поддршка на вистината диктирана од Каноните и Светото Предание на Црквата. И во украинското прашање, поддршката од Вселенската Патријаршија, која постапи согласно неа. Така беше и со светците на синаксарите. Тие беа оцрнети, осудени, проколнати на крај им простија на сите,  благословувајќи ги своите непријатели. Ова е случај, кој важи дури и денес, со луѓе кои веруваат дека работат за Православие и ја исповедаат својата вера, навредувајќи го и клеветејќи го Вселенскиот Патријарх, кој благословува сè. „Јас сведочам дека тие имаат ревност кон Бога, но тоа не се заснова на знаење. Не знаејќи што е Божја праведност и барајќи да ја утврдат својата, тие не се потчинија на Божјата праведност. “ Колку и да го обвинуваат и сакаат да го натераат светот да го мрази, тој нема да успее, бидејќи Бог ја знае вистината.

Ако некој сака објективно да се справи со овие прашања, ќе разбере каде е вистината и ќе знае каква е Божјата волја. Ако некој е добронамерен и мисли дека е безгрешен, тогаш може да помислите дека некои од неговите ставови во врска со ова прашање се погрешни. Тој што верува дека не може да погреши, е достоен за сочувство. Тој ќе остане според него, во оние мислења за кое смета дека се единствените точни.

Црквата отсекогаш се соочувала со такви нарушувања, бидејќи каде што има луѓе, има и проблеми. Но, тоа секогаш оди напред, врз основа на Светото Писмо, неговото Свето Предание и она што Богоносните Отци го имаат добро утврдено.

                                                                               Јеромонах Никита Пантократор

Манастир Пантократор-Света Гора 2020 година

Превод од српски: Протоѓакон Драган Ѓоргиевски

[1]Ал. Массаветас, Трећи Рим. Москва и престо православља, Атина 2019, стр. 161-162

[2] Матеос Властареос, Уставот против елементи што го нарушуваат божествениот и свет канон. Ур Г. Ралис – М. Потлис, Устав на божествениот и свет канон, Атина 1859, том II, стр. 7: „и првиот владетел на Цариград [на власт] единствениот назначен да суди и да го поттикнува покајанието и да се врати од гревовите и ересите “.

[3] „Седиштето на антички Рим, бидејќи тој беше градот што првопрестолниот град, отците со право му дадоа предност. И сто и педесет епископи кои го носеа Бога, движејќи се со иста цел, му дадоа еднаква предност на седиштето на Нов Рим “.

[4] „На престолот Константинополски, му  беше дадено  да  направи каква било пресуда за другите Цркви“ Одговорот во четири гласа на четири Патријарси беше јасен: оваа привилегија му припаѓаше на папата пред распадот на Католичката Црква “, но откако се распадна, овие спорови на Црквите биле задолжени за Цариград и тој донесува одлуки како оние кои според каноните имаат приоритет еднаков на антички Рим “. В. В. Феидас, Идем, стр. 74-75.

[5] В. Феидас, Идем, стр. 75-76.

[6] За други примери, видете ја студијата за митрополитот Ксиос, Григориј, За унијата на Ерменците со источната Православна Црква, во 1871 година.