Преподобна Параскева (Петка) – Вечерна Богослужба во Битола

На 26.10.2021 г., во превдечерието на празникот на Преподобната Параскева (Петка), Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар, отслужи Празнична Вечерна богослужба во манастирот „Света Петка“ во Битола.

Го засака пустинскиот и тих живот и ревносно тргна по Христа, твојот Жених. Неговиот благ јарем во својата младост примајќи го,со крстниот знак храбро се вооружи против духовниот непријател. Со испоснички подвизи, постот и политвата и солзните капки, си го изгаснала жарот на страстите, достојнославна Параскево. И сега во небесните дворови со мудрите девојки, стоејќи пред Христа, моли се за нас кои го почитуваме твојот вечерн спомен.