Воскресение Христово (Велигден) – Света Божествена Литургија во храмот „Рождество на Пресвета Богородица“, во Битола

Во Светла ноќ на Воскресението Христово, во храмот „Рождество на Пресвета Богородица“ во Битола, беше отслужена Пасхална Утрена и Света Божествена Литургија, со која началствуваше архиерејскиот заменик, протоерејот ставрофор Никола Грамбозов, во сослужение на протоереите Зоран Димовски, Атанас Лажовски, Николче Димовски и протоѓаконот Драган Ѓеоргиевски.

На Божествената Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.

Христос Воскресна! Навистина Воскресна!