Трет фестивал на византиско црковно пеење во храмот „Рождество на Пресвета Богородица“, во Битола

На 19.09.2020 год, во храмот „Рождество на Пресвета Богородица“ во Битола, со благослов на Неговото Високопреосвештенство Митрополитот г. Петар,  се одржа Трет концерт на византиско црковно пеење.

На концертот настапија повеќе црковни хорови, меѓу кои: византискиот хор „Св. Ахил Преспански“ од Ресен, византиски хор „Архимандрит Калистрат Зогравски“ од Струга, византискиот хор „Св. Нектариј Битолски“ од Битола и женскиот  црковен хор „Св. Макрина“ од  Битола.

За прв пат на овој фестивал, имаше настап на инструментална византиска музика. Во рамките на фестивалот се одржа и промоција  на музичкото ЦД на женскиот хор „Света Макрина“, при храмот „Рождество на Пресвета Богородица“, во Битола.