Бадник – Света Архиерејска Литургија во соборниот храм Свети Великомаченик Димитриј, во Битола

На 06.01.2020 г., на Бадник, кога го празнуваме споменот на Преподобен Никола војвода и Преподобната маченичка Евгенија и другите со неа; Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар,  во сослужение на протоереите Златко Костовски, Кирил Трајковски и ѓаконот Ѓорѓи Делев, отслужи Света Василиева Литургија во соборниот храмот „Свети Великомаченик Димитриј“, во Битола.

На Божествената Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.

Во името на Отецот и Синот и Светиот Дух!

„Дева денес доаѓа во пештера, неискажливо да Го роди превечното Слово. Ликувај вселено кога ќе слушнеш за ова и прослави Го Бога заедно со Ангелите и пастирите!“

Браќа и сестри, кога се исполнило времето да се роди Синот Божји, Логосот, од Пресвета Богородица, како што им било ветено на нашите прародители Адам и Ева, кои кога згрешиле…

(Аудио) «Празнична аудио проповед на Митрополитот г. Петар»