Свети Првомаченик и Архиѓакон Стефан – Трет ден Божик

На 09.01.2019 г., третиот ден од Рождеството Христово, кога го празнуваме споменот на Светиот првомаченик и архиѓакон СтефанПреподобните маченици Теодор и Теофан Начертани; Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар отслужи Света Божествена Литургија во храмот „Свети Кирил и Методиј“, во Прилеп. 

На Божествената Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.

Првомачениче Христов и апостоле, со добар подвигси се подвизувал, и си го изобличил безбоштвото намачителите. Бидејќи со камења беше убиен од рацете набеззакониците, прими венец од Десницата што е во височините,а на Бога Му се молеше, извикувајќи:„Господе, не им го земај ова за грев!