Собор на Свети Јован Крстител – Света Архиерејска Литургија во Ресен

На 21.01.2019 г., кога го празнувавме споменот на Свети Јован Крстител, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар отслужи Света Божествена Литургија во соборниот храм „Свети Кирил и Методиј“ во Ресен. 

После Божествената Литургијата, според локалната традиција се изврши поделувањето на чесните крстови, кои како благослов се чуваат во текот на годината што доаѓа во домовите на верните, а идната година ги предаваат на други.

Во името на Отецот и Синот и Светиот Дух!

„Покајте се, зашто се приближи Царството Небесно“ (сп. Мат. 3, 2). 10. „Ете, секирата лежи при коренот на дрвото: зашто секое дрво, кое не дава добар плод, се сече и во оган се фрла“ (сп. Мат. 3, 10).ж

Денес, браќа и сестри, го славиме славниот Пророк и Претеча Господов Јован, кој е испросен од неговите бездетни родители, од првосвештеникот и пророк Захариј и Елисавета, роднината на Пресвета Богородица…

(Аудио) «Празнична аудио проповед на Митрополитот г. Петар»