Празнична Вечерна богослужба во манастирот „Свети Петар и Павле“, во село Црнеец

На 11.07.2019 г., во предвечерието на празникот на Светите апостоли Петар и Павле, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар, отслужи Празнична Вечерна богослужба во манастирот посветен на „Светите апостоли Петар и Павле“, во село Црнеец – Битолско.

Да ги восфалиме Петра и Павла, великите светилници на Црквата, бидејќи тие засветлија повеќе од сонцето на сводот од верата и, со зраците на проповедта, ги извлекоа народите од незнаењето. Првиот, откако на Крст се прикова, на небото отпатува, каде што клучевите на Царството ги прими од Христа. А вториот, откако со меч беше пресечен, при Создателот отиде и обајцата примија достојна слава, и на Израилот му укажуваат дека рацете неправедно ги кренаа против Самиот Господа. Затоа, по нивните молитви, Христе Боже наш, одврати ги оние што се креваат против нас, и верата на православните утврди ја, како Човекољубец.