Покана

Почитувани верници, со благослов на Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Преспанско – пелагониски и администратор Австралиско – новозеландски г. Петар, на ден 13.09.2019 година (петок), со почеток од 16.00 часот, и на 14.09.2019 година (сабота), со почеток од 07.00 часот, ќе се изврши Големо осветување на храмот „Света Великомаченица Параскева (Петка)“ во  село Илино.

Благочестиви христијани, Ве покануваме да бидете дел од големото осветување на овој прекрасен и радосен чин, за духовната радост да биде поголема и поторжествена.