Покана

Почитувани верници, со благослов на Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Преспанско – пелагониски и администратор Австралиско- новозеландски г. Петар, на ден 22.02.2019 година (петок), со почеток од 16.00 часот, и на 23.02.2019 година (сабота) со почеток од 07.00 часот, ќе се изврши големо осветување на храмот „Света Троица“ во Крушево. Затоа Ве покануваме вас верните христијани, да дојдете и да учествувате на овој прекрасен и радосен чин, за духовната радост да биде поголема и поторжествена.